ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2024 18:53
Членот на републичкиот ИО на СДММ и советник во општина Битола, Петар Николовски на Фејсбук објави дека мора да се преземе одговорност и да им се подаде рака на оние кои биле дел од СДСМ.
„По две недели молк, време е одговорноста да се преземе час поскоро и во пракса. Пораката од граѓаните треба да се имплементира, да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого. Секој што ја споделува социјалдемократската идеологија, местото му е во партијата. Заедно, како државотворна партија, да застанеме повторно како столб на демократијата. Во моментов живееме во ера на промени и предизвици, кои бараат драстични трансформации во нашата партија. Засилувањето на нова генерација млади политичари без багаж од минатото е неопходно за обнова и прогрес. Само со свежи идеи и енергија можеме да ја промениме политичката и партиската сцена. Потребен ни е лидер со вештини за обединување на сите граѓани и членови на партијата. Само заедно, како единствена сила, можеме да постигнеме значајни промени и да ја вратиме партијата на старите и силни стази. Враќањето на сите кои споделуваат социјалдемократска идеологија ќе биде од големо значење за нашата партија“, пишува тој.
Вели дека за успешната реализација на овие промени, потребен ни е лидер со способности за обединување на сите граѓани и членови на партијата.
„Само преку заеднички напори можеме да ги постигнеме нашите цели и да ги оствариме идеалите на социјалдемократската идеологија. Ги повикувам сите кои ги споделуваат нашите вредности и убедувања да се вратат за заеднички да го создадеме идеалниот политички фронт. Само соединети и предводени од лидер - визионер ќе можеме да се вратиме како државотворна партија и партнер на граѓаните“, пишува Николовски.
Инаку, СДСМ на изборите доживеа пораз и најавено е дека ќе има промени во партијата.
фото Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
ВИКЕНДАШИТЕ СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Гужва на Богородица и Табановце

СЕ ОГЛАСИ МИЦКОСКИ: „Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност“

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ СЕ ПРОСТИ ОД ПАПАТА: „Еден од поинтересните и невообичани понтефикати беше 266-от понтификат на Хорхе Мариа Бергољо“

ВДИШАЛЕ ЧАД И ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА: Пожар во стан во Аеродром

ДОПРВА СЕ ОЧЕКУВААТ ГУЖВИ: Сега за сега на табановце и Богородица се чека по 20 минути

„НЕШТО МИ ЗБОРУВА ДЕКА ВАКОВ ПАПА ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ВАТИКАН ПОВТОРНО“: Ванковска за папата Франциск

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Тој објект работел на замижување на сите органи“

ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ СО ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА: Од Анкара го честитаа празникот

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста
