19 Декември, 2025
0.0691

Петар Рупески го фати Светиот крст во Охрид

Објавено во: Мои пари 19 Јануари, 2014 11:45

Добивај вести на Viber

 Петар Рупески од Варош е среќникот кој денеска меѓу неколкуте стотини верници, успеа по вторпат да го извади Светиот крст што во осветените води на Охридското Езеро го фрли владиката Јосиф, митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија.

- Мошне сум среќен и јас, моите пријатели и моето семејство што го фатив крстот. Ова е вторпат како го фаќам крстот. Првиот пат тоа беше во 2005 година и навистина тогаш ми донесе многу среќа во животот. Посакувам секој да го фати крстот и да го доживее она што не можам да го опишам со зборови, изјави Рупески.

 Според обичаите Рупески со неговата тајфа, ги посетуваат семејствата низ градот, кои го даруваат крстот со пари, за здравје и среќа. Годинашните кумови, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и стопанственикот Сашо Симески, покрај другите подароци, ќе го даруваат и со сребрен крст со позлата, тежок над еден килограм.

Дваесеттина илјади верници денеска присустуваа на одбележувањето на празникот Богојавление – Водици во Охрид. Во вода влегоа неколку стотини од 1.300-те пријавени како од градот, така и од другите градови во земјата, но и гости од Србија, Бугарија, Чешка, Шпанија...

На манифестацијата по повод Водици во Охрид присуствуваа голем број личности од политичкиот и јавниот живот, како од градот, така и од државата, но и од соседните држави и од светот.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии