Петер Сијарто: Службата му даде азил на Груевски, донесе независна одлука
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2019 11:42
Службата за имиграција и државјанство е независен орган и Владата на Унгарија не може да влијае на нејзините решенија Поранешниот македонски премиер Никола Груевски ја помина процедурата за азил и имиграционата служба реши да издаде позитивно решение, рече Петер Сијарто, министерот за надворешни работи во интервјуто за бугарската национална телевизија БНТ.
- Службата е независен орган и унгарската влада нема влијание над нејзините одлуки. Прашањето со азилот на Груевски е правно прашање, а не политичко - рече Сијарто во интервјуто.
Изјави дека по бегството на Груевски односите на Унгарија и Македонија не се променети.
- Нашата позиција е дека Македонија веќе требаше да биде поканета во НАТО. Ние сме за целосна интеграција на Македонија, силно ги поддржуваме за испраќањето покана за НАТО веднаш штом биде завршена процедурата за името и од двете страни, а македонската јавува дека веќе ја завршиле. Сега на потег е Грција. Тие ја имаат нашата поддршка и ќе ја имаат, политичка, економска. Јас бев јасен пред министерот за надворешни работи-тоа правно прашање нема да влијае на никаков начин, изјави Сијарто.
Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, не се согласува со „заштитата“ на Унгарија што му ја дава на Груевски, но Сијарто остро го нападна.
„Комесарот Хан треба да си ги гледа сопствените задолженија. Неговиот мандат од пет години како комесар за политикта за добрососедство и проширување беше целосно неуспешен. Зашто, нема никаков напредок во однос на политиката кон соседите и затоа треба да се концентрира на сопствената работа“, бепе остар пефот на унгарската дипломатија.
Тој одговараше на прашања во врска со затворањето на границите за бегалците кои емигрираат во Европа и за последниот бран на протести во Унгарија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски
Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак
Македонија денес го одбележува денот на Свети Климент Охридски
ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена
НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ДЕНОВИВЕ - температурите над просекот, еве ги деталите
„Едвај завршиле гимназија, а купиле факултетска диплома“: Најчевска со нова критика и прашање до јавноста на социјалните мрежи
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите





