ПЕТИР МУ ПИША НА ХАН: Ве поттикнувам да ја осудите Тиранската платформа
Објавено во: Македонија 15 Март, 2017 14:01
Европратеничката Маријана Петир, денеска испратила писмо до еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, во кое бара тој да преземе чекори со кои Брисел ќе придонесе за смирување на состојбата во Република Македонија.
Во писмото што го објави МИА, таа бара од Хан во име на ЕУ да ја осуди т.н. Тиранска платформа, затоа што претставува директно мешање на една земја кандидат во внатрешните работи на друга земја кандидат и може да стане опасен преседан во меѓународните односи.
Според Петир, оваа платформа претставува јасно кршење на македонскиот Устав и ги загрозува правата на македонскиот народ во сопствената земја барајќи конститутивни права за албанското малцинство, чиј број не е познат поради застарениот попис и кои целосно ги уживаат сите малцински права во Република Македонија.
„Давањето мандат за формирање нова влада стана заробеник на уцената за етничките
платформи од страна на едно малцинство во земјата, како препорака од страна на премиер на
друга земјакандидат. Европската унија има обврска и одговорност кон Република Македонија
и политичката криза со кој се соочува земјата, со оглед на тоа што приемот на Македонија во
ЕУ е блокиран веќе 12 години. Јас ве поттикнувам да ја осудите оваа т.н. Тиранска платформа,
затоа што претставува директно мешање на една земјакандидат во внатрешните работи на
друга земјакандидат, односно во Република Македонија. Ова би можело да стане опасен
преседан во меѓународните односи, особено во намалувањето на солидарноста во ЕУ и во
светот, но исто така и во време на загрозена безбедност во светот“ - напишала Петир.
Петир му напишала на Хан дека нови избори се решение за кризата во Македонија.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица




