19 Декември, 2025
0.2005

Петнаесетина градови со минусни температури - во Берово најстудено

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2016 09:56

Добивај вести на Viber

Најстудено утрово е во Берово, каде што се измерени -16 степени. 

Утринската температура во Крива Паланка била -11, Лазарополе и Маврово -10, Крушево и Битола -9,  -8 во Прилеп, -7 во Тополчани, Претор, Пожаране, Виница, Демир Капија и Штип, -6 во Струмица, Дебар, Куманово, Ѓуриште и Охрид, -5 во Скопје и -1 во Гевгелија и Дојран.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната темература ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со  слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Времето утре ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Во северозападниот дел од Македонија ќе има услови за локален и краткотраен дожд и снег на повисоките планини. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи од -8 до 0, а преку денот највисоката температура ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, на повеќето места ќе бидат и под -8 степени. Дневните температри  ќе бидат во  благ пораст. Во западните делови на Македонија ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а снег само на повисоките планини.

Нови врнежи од снег нема, а формираната снежна покривка се движи од еден сантиметар во Пожаране, три во Штип и Крива Паланка, четири во Лазарополе, шест во Битола и Крушево, девет во Демир Капија, 10 во Ѓуриште, Тополчани, Берово и 22 во Маврово. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки