Петровска: Во ист автомобил не смее да се возат повеќе од тројца патници
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Април, 2020
Дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска, изјави дека повеќе од тројца патници, вклучително и возачот не смеат да се возат во ист автомобил.
Петровска додаде дека патниците во автомобилот треба да имаат заштитна опрема, ракавици и маска.
Ова е едно од ограничувањата за време на вонредната состојба во државава.