06 Декември, 2025
0.0263

Петто јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2025 09:15

Добивај вести на Viber

Овој четврток, петок и сабота, од 6 до 8 ноември во хотел Мериот ќе се одржи петтото издание на најхедонистичкиот фестивал SKOPJE WHISKEY FEST 2025, во организација на Боттега Евенти.

Фестивалот ќе им понуди на посетителите дегустација на над 80 етикети виски од различни светски дестилерии, вклучувајќи американски бурбони, шкотско, ирско и јапонско виски, како и мастер класови водени од интернационални виски амбасадори. Покрај виски, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во комплементарни брендови кои ќе ги разбудат нивните сетила.

Фестивалот го посетуваат луѓе кои следат урбани и културни настани, професионалци од HoReCa секторот и бизнис заедницата, но и оние кои сакаат да го збогатат своето секојдневие со незаборавни искуства.

Петтото издание ја продолжува традицијата на поддршка на виски културата во Македонија, со акцент на едукација, одржливост и хуманитарен карактер –хуманитарната аукција со отворени виски флаши се насочува кон поддршка на социјално загрозени категории.

Во текот на трите фестивалски дена, програмата е збогатена со внимателно одбрана музичка програма за да задоволи повеќе вкусови во различните денови. Ќе настапат: Полина и нејзините танчери, “South Park” и “Why Not”, диџеj Салтиров, и Dj Funkin Blue од Белград. За прв пат на фестивалот посетителите ќе уживаат во стендап шоу - “Стручњак за виски” на актуелниот комичар Никола-Ниџо.

Мастер класовите се клучен дел од образовниот сегмент на фестивалот и ќе ги водат интернационални амбасадори на виски од Полска и Романија.

Фестивалот ќе биде вистинско уживање за сите хедонисти и љубители на виски, со комбинација од забава, учење и врвна дегустација.

Билетите за фестивалот се достапни на BePay.mk

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј