04 Мај, 2024
0.0268

PHI-Prostate Health Index - прв револуционерен тест за детекција на канцер на простата единствено во Биотек Лабораторија

Објавено во: Мои пари 26 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

БИОТЕК Лабораторија повторно уникатна и единствена, во новата година воведе нови анализи кои не се работат во другите лаборатории, меѓу кои и револуционерната анализа: PHI-Prostate Health Index, односно нов тест со софтверски протокол за детекција на канцер на простатата кој овозможува избегнување на биопсија.

Одредувањето на простата специфичен антиген (PSA)  е една од најчестите скрининг методи за канцер на простата. Kанцерот на простата предизвикува промени во структурата на жлездата што доведува до “истекување” на PSA во циркулацијата. Но зголемена концентрација на PSA може да се јави од не-канцерозни состојби, како што е бенигната простатична хиперплазија. Исто така се детектираат и голем број на  споро растечки тумори кои може да перзистираат долги години без субјективни здравствени тегоби.

Заради тоа многу мажи со покачени вредности на PSA се одлучуваат на други дијагностички процедури како што е биопсија на жлездата.

Секоја биопсија на простата вклучува ризик резултатот да биде негативен. Се смета дека само 25% од биопсираните пациенти имаат канцер. Тоа е добро, но биопсијата носи несакани последици и ризици како инфекција, крварење, треска, уринарни проблеми, болка.

Погрешната дијагноза и оперативен третман  често се причина за оштетувања како: еректилна дисфункција, уринарни и цревни проблеми и сериозни хируршки компликации.

Скринингот со PSA направи драстична редукција на дијагнозата на канцер и метастатски промени, но стана лимитирачки специфичен и контроверзен заради доста лажно позитивни резултати и непотребни биопсии, како и детекција на некои “троми” тумори кои не се опасни по животот на пациентот.

Од таа причина, Светската Здравствена Организација го одобри револуционерниот алгоритам на Beckam CoulterPHI - Prostate Health Index како директива за ДА ИЛИ НЕ БИОПСИЈА.

Што е всушност PHI? Prostate Health Index e нова формула базирана на алгоритам изведен од резултатите на трите најнови тестови за дијагностика на канцер на простата: Hybritech  PSA, Hybritech free PSA и Hybritech p2PSA.

Софтверскиот алгоритам автоматски ги калкулира добиените резултати со сложена формула ((-2) pro PSA/free PSA) x vPSA).

Светската здравствена организација го признава PHI како насока кај пациенти со висок PSA над 4ng/ml за избегнување на непотребни инвазивни методи.

Овој тест има ФДА одобрување и е ставен во протоколот на Европскиот водич за уролошки испитувања.

Aко се потпреме сaмо на овој индекс и  не се направи биопсија, дали постои ризик нешто да се пропушти?

Напротив, Светската здравствена организација го одобри PHI на Beckamn Coulter како точен индикатор иза вредности на PSA од 4-10 ng/ml. И над 10 ng/ml базирано на бројни истражувања од последните 4 години во Америка и Европа.

Клиничките истражувањапокажуваат дека многу канцери на простата и значаен број на високо-градуирани (малигни) канцери се најдени и кај пациенти кои имаат и нискивредности на PSA од 2-4 ng/ml. Во студија од 2.950 мажи (возраст од 62 до 91 година), со вредност на PSA ≤ 4 ng/ml, кај 449 мажи е дијагностициран канцер на простата (15,2%).

Bеckman Coultar PHI e дизајниран да му помогне на лекарот да го идентифицира секој пациент со примена на сеопфатен пристап за проценка на ризик. Клиничките критериуми за интерпретација се направени за мажи со резултати во овој ранг. PHI овозможува спојување на сензитивност (способност за детекција на канцерот) и специфичност (можноста за избегнување на лажно позитивни резултати), донесувајќи информирана, урамнотежена одлука да се предложи биопсија. Eдинствено во БИОТЕК Лабораторија се изработува овој индекс со комбинација на тестовите Hybritech p2PSA, Hybrtech PSA и Hybritech free PSA.

БИOTEK лабораторијата е прва приватна специјалистичка лабораторија направена по водечки светски стандарди и опремена со најсовремена технологија и реагенси од областа на молекуларната, микробиолошката и биохемиско – имунолошката дијагностика.Се наоѓа на ул. Аминта Трети 44, 1000 Скопје, Р. Македонија.

За повеќе информации посетете ја Веб страницата  www.bioteklab.com.mk  или јавете се и закажете веднаш на +389 (0)2 311 2464 ; 078/492-294.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија