15 Декември, 2025
0.0453

ПИЕВ ШВЕПС, ОД ТОА МИ Е, ПИШИ ИНЕКЦИЈА, УТРЕ СУМ НА СВАДБА - докторка раскажува како поминува една ноќ на брза помош во Гостивар

Објавено во: Македонија 13 Август, 2021 08:29

Добивај вести на Viber

Докторката Мариа Спасовска раскажува како поминува и со што се соочува на една вечер ноќна смена на брза помош во Градската болница во Гостивар, а како што вели, верува дека е исто и во другите градови. 

Гостивар е еден од градовите со најголем број регистрирани пациенти, и каде најмногу се шири корона вирусот. 

„Прегледуваш со отворен прозорец за да се заштитиш (и себе, и пациентите). Надвор, и внатре, грми од некојси музички настан што многу "соодветно" се одржува спроти градска болница. Не го слушаш пациентот од бучава. Апаратот за притисок едвај. Затвораш прозорец.

Влегува пациент, без маска, видно изнемоштен, кашла. Велам "Ве молам ставете маска". Температура 37.5 степени целзиусови.

Добивам: "Ај докторке немој со тие глупости, Швепс пиев многу вчера и јадев сладолед, од тоа ми е. Пиши една инекција да се опраам, утре сум на свадба"

Додека процесирам да не случајно сум ја утнала лекцијата на Медицински факултет за тоа како Швепс и температура се тесно поврзани, му даваме маска, прегледувам и по 100 ти пат вечерта со колегите го повторуваме истото "Ве молам тестирајте се што поскоро, и никаде без маска".

"Аха, важи".

Ѕвони телефон. Итен повик. Трча екипата надвор, тргате веднаш. Со вклучени сирени, едвај проаѓате, или подобро кажано не проаѓате низ град затоа што не дај боже фраерите да не го прошетаат Maserati-то низ град од точка А до точка Б меѓу кои дистанцата е 500m преку сила. И не дај боже да не се паркираш точно пред бутик. "Што има везе, ќе пројдат овие, има тротоар, може и ќе прелетаат, тамам си е."

Стигаш по 15 минути. Те чека, нормално, едно нервозно "Кај сте досега, вие брза помош сте или што сте?"

Пациентот со висока температура, ниска сатурација, едвај дише. "Нема Корона докторке, од климата му е". Го подготвувате за транспорт, и се молиш дека до инфективно ќе ти се погодат улици со културни возачи.

Се враќаш во амбуланта, додека менуваш заштитна опрема ги слушаш колегите како пак кажуваат некому да стави маска.

Пак процесираш информации. Во амбуланта на брза помош во 2 наутро се доаѓа за болка во грло. "Без инекција не ми поминува, си знам јас најубаво, пиши сега еден Гарамицин и пола Дијазепам да спијам раат вечерва".

Како супермаркет, само со бонус "не смееш да ме вратиш, тебе тоа ти е работа". Се разбира, не даваме терапија без индикација, ама храброста да му кажеш на докторот што да ти пише е фасцинантна.

Музиката конечно е исклучена, здивнуваш. Гледаш Швепс во фрижидер и си викаш "Е не те пијам, nećeš ti meni температура и кашлица!"

И така.

Добра ноќ и добро утро Гостивар, вчера 82, денеска колку?

P.S. Да не бидам погрешно сфатена, имаме и еден куп златни, разбрани пациенти, кои многу си ги сакаме. Ама тоа не е темата на статусов.


Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро