„Пиј музика – слушај вино“ – Скопјани по трет пат ќе уживаат во виното
Објавено во: Мои пари 04 Декември, 2013 14:22
По попладневните забави со DJ, музичката програма продолжува и по 19:00 часот сè до 01:00 часот по полноќ. Во Метрополис Арената ќе присуствуваат бројни винарски визби, а вкусот на виното ќе биде дополнет со дегустација на млечни и месни производи од најквалитетните производители.
Музичката програма на фестивалот се состои од имиња на домашната и регионалната сцена кои ќе се погрижат за доброто расположение во духот на виното:
06-08.12.2013 - попладневни забави со DJ 17:00 - 19:00
06.12.2013 – Жаклина Стефковска 19:00 - 21:00;
Драган Мијалковски 21:00-23:00 и
НОКАУТ 23:00 - 01:00
07.12.2013 – Скопски Чалгии 19:00 - 21:00
Чалгија Sound System 21:00 - 23:00
Нино Величковски со Кумановски тамбураши 23:00 - 01:00
08.12.2013 – Трио Симон Киселички 19:00 - 21:00
Стринг форсис 21:00 - 23:00
THE FRAJLE (Р.Србија) 23:00 - 01:00
Ефективниот спој на забавното со корисното посетителите ќе можат да го искусат и преку дегустацијата на повеќе производи и истовремена споредба на квалитетот и вкусот. Ќе се претстават најпознатите сорти грозје, категориите на вино и нивниот редослед во служење, основната поделба на храната по состав и примена, комбинирање на соодветно вино со јадење на основа на нутриционистички состав и органолептички карактеристики, професионално служење вино во ресторани, протокол во винскиот сервис, правилен начин на отворање и служење итн. Учесници на годинешниот фестивал се винарските визби, производители на млечни и месни производи. Нивните производи ќе бидат достапни за купување на самото место. Оваа година партиципираат 17 учесници. Мотото на фестивалот е пиј музика, слушај вино, а цената на билетот изнесува симболични 100 денари.Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




