ПИЈАНИ МАЛОЛЕТНИЦИ И СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНКИ СО МНОГУ ПАРИ - еве што друго откриле инспекторите во локали во Струга
Објавено во: Македонија 08 Септември, 2022 15:11
Во текот на изминатата вечер (08.09.2022) во периодот од 01.20 до 05.00 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност Оддел за криминалистичка полиција од Скопје, Одделот за специјални полициски операции, како и полициски службеници од Струга и инспектори од Одделот за странци во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во угостителски објекти во Струга.
При контролата затекнати се две малолетни лица, едно лице е приведено под дејство на алкохол кај кого во патничкото моторно возило пронајден е остар предмет и метален предмет - боксирач за што ќе следува и соодветна пријава. Утврдено е непочитување на законот за забрана за пушење во затворени простории, како и неиздавање фискални сметки. Притоа затекнати се странски државјани без соодветна документација за регулиран престој, а шест странски државјанки без работна дозвола кај кои по извршен претрес биле пронајдени поголема сума на пари.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ
Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“




