04 Декември, 2024
0.1709

Пилешкото и меленото говедско најопасни, како до побезбеднo месо?

Објавено во: Агробизнис 01 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Пилешкото и меленото говедското месо најчесто се дел од вечерната трпеза, но тоа се исто така и месни производи кој најчесто им создаваат мака на потрошувачите, стои во новиот извештај кој го пренесува Биснис Инсајдер.

Извештајот од советодавната организација Центар за науки од јавен интерес (ЦСПИ) ги рангира месните производи врз основа на нивните изгледи заради кои предивикуваат страшни болести.

На врвот на листата е пилешкото. Помеѓу 1998 и 2010, производите од пилешко месо, вклучувајќи го и печено, на скара или мелено, биле дефинитвно поврзани со појава на 452 болести предизвикани од храна, и на 6,896 случаи на болести во САД, стои во извештајот. „Како појавување болести се смета на две или повеќе болести поврзани со вообичаен извор на храна“.

Меленото говедско месо е на второ место. Овој продукт е поврзан со 336 појави и 3,801 случаи на болести за истиот период.

Во извештајот се идентификуваат и други високоризични производи, меѓу кои и мисиркиното месо и говедскиот стек, кои биле причина за 130 и 82 избивања на болести, по тој редослед. Деликатесните месни производи, свинското и печеното говедско, се сметаат за средноризични продукти (поврзани со околу 60 и 130 појави на болести), додека шунката, кобасиците и пилешките медаљони се нискоризични (поврзани со 34 до 57 појави), стои во извештајот.

Сара Клајн, висок советник за безбедноста на храната во ЦСПИ, ги повикува Американците да „практикуваат одбранбено јадење“, со претпоставката дека сите меса се опасни, и со преземање на дополнителна претпазливост во набавката, подготовката и служењето на месата.

Извештајот се базира на информации од 1,714 појави на болести во кои биле вклучени 33,372 заболени во САД. Секој месен производ добивал поени на основа на бројот на болести кои ги предизвикал, и на на тоа што луѓето кои се почувствувале болни од јадење на месните производи биле хосптализирани.

Сепак, откритијата се ограничени затоа што мнозинството луѓе кои се разболеле од конзумирање контаминирани месни производи, не отишле на лекар и нивите случаи не се истражени од властите за јавно здравје, вели Каролине Смит Девал, директор за безбедност на храната во ЦСПИ. Бактеријата салмонела и е.коли 0157:Х7 биле причина за една третина од болестите, стои во извештајот. Овие патогени најчесто се наоѓаат во заразени месни производи за време на колењето или обработката на месото, стои во извештајот. Бактеријата клостридум перфрингерис, која стои предолго и може да предизвика болести ако старото месо не се подготвуваат соодветно, е причина за втората третина од болестите. Некои експерти се критични кон извештајот. Даглас Пауел, професор за безбедност на храната од Универзитетот на Канзас Сити, го нарече рангирањето „мимикрија“ која ги одвлекува луѓето од големата слика дека сета храна доаѓа со некакви ризици. „Колку што и мене ми е познато, сета храна е ризична и треба да се третира со внимание“, вели Пауел. Важно е, вели тој, „да се третира сета храна, а не само месото, туку и неговото производство - сеж - како потенцијален извор на опасни микроорганизми“. Во изминатата деценија, најголем извор на болести предизвикани од храна биле производите кои потрошувачите најчесто ги јадат сирови, додава тој. Потрошувачите треба темелно да ги мијат сите производи и да ја отстранат кората од зеленчуците.

Другите совети за безбедност на храната вклучуваат избегнување на вкрстена контаминација во кујната. Не користете иста даска за сечење за сирово месо и за неварена храна, вели Клајн. Свинското треба да се готви на 145 степени, говедското на 160, а живината на 165 степени, вели Клајн.

ЦСПИ бара од индустријата за храна да ја намали контаминацијата на нивните производи од бактерии, како салмонелата (која на почетокот беше поврзувана само со живината), и со е.коли 0157:Х7 (на почетокот поврзувана со меленото говедско месо). Организацијата исто се согласува со предозгот од УСДА да се одбележува механички омекнуваниот говедски стек. Во месната индустрија стекот го бодат со игли или сечива, кои ги туркаат патогените во внарешноста на производот. Стековите кои се третираат на овој начин, не смеат да се служат сирови, но конзументите нема како да го знаат ова, вели Пауел за Бизнис Инсајдер.

 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.