Пиперката „ајварка” на големо се бере, ќе има ли кој да ја купи?
Објавено во: Агробизнис 31 Август, 2013 10:29
Упатените во преработувачката индустрија коментираат дека секторот трпи последици од економската криза. Сепак дел од преработувачите велат дека се задоволни од извозот на готовите производи. Во однос на договорите сметаат дека и за земјоделците и за нив е најдобро да функционира договорното производство. Но за разлика од земјоделците, тие оваа година стравуваат дека е можно да останат без суровина за производство.
- Договорното производство е добро да функционира се додека двете страни ги почитуваат условите од договорот. Ние си имаме постојани кооперанти со кои соработуваме и засега договорите се почитуваат и од нивна и од наша страна. Семтам дека има напредок во договорното производство, на пример ако порано 80 отсто било хаотично производство, сега е околу 40 отсто, а 60 отсто е договорно производство. Но оваа година можно е да се јави друг проблем. Стартот на бербата е добар, родото исто така, и сега за сега доволен, но не се прогнозира дали ќе биде доволен до крајот на откупот. Тоа зависи од усогласеноста на понудата и побарувачката. Ако се случи да странските преработуваи снемаат суровина и дојадт тука да откупуваат, тогаш ние повторно како некои години ќе се соочиме со недостиг од суровина, што е лошо за нашата индустрија, вели Виктор Петков, директор на “Випро”.
Според процените се очекува род околу 50 илјади тони ајварка
Споредено со пред неколку години вкупните површини со индустриска пиперка меѓу кои спаѓаат и оние со пиперка од сортата “куртовска капија”, бележат зголемување на производството за 35%, поради зголемување на површините за 56%. Aко во 2007 година вкупното производство на индустриска пиперка изнесувале над 39 .000 тони, во 2011 година е зголемено на 93.453 тони, од кои најголем дел отпаѓа на црвената пиперка.
Црвената пиперка е најважната суровина за преработувачката индустрија. Според истражувањето на Македонската Асоцијација на преработувачи, количините на откупена црвена пиперка од преработувачките капацитети во 2012 година завземаат 58 отсто од вкупното откупено количество на суровина. Тоа е речиси 30 отсто повеќе во споредба со откупот на индустриската црвена пиперка во 2009 година. Црвената пиперка во преработувачката индустрија најмногу се употребува за производство на индустриски и домашен ајвар, лутеница и сечкани пиперки. Податоците покажуваат дека индустрискиот ајвар е производ кој најмногу се произведува во преработувачката индустрија. Лани 18 отсто од вкупното производство на преработки отпаѓа на индустрискиот ајвар, потоа следува производството на домашен ајвар, лутеница, сечкани пиперки и други преработки од зеленчук и вовошје.
Податоците покажуваат дека и понатаму болна точка на преработувачката индустрија на овошје и зеленчук е слабата искористеност на капацитетите. Во 2005 година фабриките работеле со 27 отсто искористеност на капацитетите, а лани со 45 отсто. Слабата искористенот на капацитеите е резултат на опоравувањето на индустријата и пазарите од економската криза, а дел лежи во неконтинуираната понуда на квалитетна суровина, дијалог со добаувачите на суровини, дефинирани откупни цени пред почеток на сеозна и друго. Преработувачката индустрија е извозно ориентирана гранка, од која лани во буџетот се слеале 46,1 милиони евра.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





