Пјер Карден – 20% роденденски попуст за 20 години постоење
Објавено во: Мои пари 07 Април, 2015 13:14
РОДЕНДЕНСКИ 20% ПОПУСТ ЗА 20 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ Pierre Cardin ВО МАКЕДОНИЈА
Познатиот моден бренд Пјер Карден (Pierre Cardin), на 8- ми Април го прославува својот 20-ти роденден на македонскиот пазар. Фирмата Нени Компани веќе 20 години им овозможува на македонските потрошувачи да бидат во тек со светската модна сцена.
Значајниот јубилеј на врвниот интернационален моден дизајнер во Македонија, застапникот Нени Компани ќе го одбележи со тридневен попуст - на 7ми, 8ми и 9ти април со 20 отсто на целата колекција Пјер Карден.
„Пјер Карден е многу повеќе од моден дизајн, во името и брендот се вткаени дизајнерската традиција и вештина во изработка на ткаенини. Статусниот симбол што го наметнува е само еден чекор кон создавањето на идентитет и авторитет. Овие карактеристики на брендот беа причини пред дваесет година да го донесеме овој светски бренд во Македонија и со тоа, на некој начин да ги отвориме вратите и да ја подигнеме свеста за деловната и за секојдневната машка мода, нешто што денес е императив. Драго ми е што граѓаните ги препознаа токму овие вредности на Пјер Карден. Токму и затоа се одлучивме да ги наградиме не само нашите најверни купувачи, туку и сите кои што во следниве три дена ќе дојдат во двата бутика на Нени Компани - “City Fashion Pierre Cardin” во ГТЦ и во Сити Мол, со 20 отсто попуст на целата Pierre Cardin колекција”, изјави Ненад Атанасов, Генерален менаџер на Нени Компани.
Преј Карден е еден од првите интернационални брендови присутни во Македонија. Широкиот избор на високо-квалитетна облека и модни додатоци, е главната причина што веќе 20 години претставува успешен бренд на македонскиот пазар.
Голем број висококвалитетни брендови од модната индустрија стануваат се позастапени на македонскиот пазар, со што се покажува дека македонскиот потрошувач добива префинет вкус, па своите омилените парчиња наместо да ги купуваат во странство, почнуваат се повеќе да ги купуваат на македонскиот пазар, велат во Нени Компани.
Покрај добро познатиот бренд, Нени компани во своите бутици - “City Fashion Pierre Cardin”, лоцирани во Градскиот трговски центар и Скопје Сити Мол, ги нуди врвните колекции од најпознатите светски брендови како: Armani Jeans, LAGERFELD, Joop!, EA7- Emporio Armani, Eterna, Seidensticker.
Можеби ќе ве интересира
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!





