17 Декември, 2025
0.0490

Пјонгјанг ги тестираше новите противбродски крстосувачки проектили

Објавено во: Свет 07 Февруари, 2015 12:56

Добивај вести на Viber

Во пресрет на претстојните пролетни маневри на САД и Јужна Кореја, Северна Кореја тестираше нов противбродски крстосувачки проектил.

Северна Кореја има навика која ги зголемува тензиите во пресрет на воените вежби, иако оваа година Пјонгјанг понуди да ги суспендира нуклеарните тестови ако Вашингтон се откаже од маневри со јужниот сосед.

Медиумите во Северна Кореја прикажаа како лидерот на земјата Ким Јонг-ун го надгледува тестирањето на новите ракети, за кои се вели дека се од домашно производство и ќе доведат до значајни промени во одбрана на територијалните води.

Според Џефри Луис, од Калифорнискиот институт за меѓународни студии во Монтереј, новиот севернокорејски проектил изгледа исто како рускиот противбродски крстосувачки проектил KH-35, кој лета со голема брзина на неколку метри над водата.

Во текот на минатомесечните севернокојрејски поморски воени вежби е потенцирано дека се развиваат нови противбродски средства со цел на борбата против американските носачи на авиони.

Во текот на изминатата година, севернокорејските официјални лица често ја посетувале Русија, а во мај во првата официјална посета на Москва треба да се појави и Ким Јонг-ун.

„Дизајнот на новите ракети го предизвикува прашањето за тоа дали, кога и под кои услови Москва би можела да и помага на Северна Кореја во развојот на овој систем“, вели Џефри Луис.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“