Плачење од смеа со неверојатни стендап изведби на 12 балкански комичари
Објавено во: Мои пари 20 Август, 2022 07:52
Луда стендап журка во домашни услови, ерупција од смеење со солзи и на глас, бегство од секојдневието и подбивање на туѓа сметка. Крајот на летото резервиран за минути добра комедија.
Кој наслатко се смее, на стендап се смее!
Стендап фестивалот „Скопје гори од смеа“ – неверојатен склоп на стендап изведби од најдобрите артисти од целиот Балкан. Неколучасовен универзален хумор на македонски, англиски и српски јазик.
Хумор во кој секој може да се препознае, во себе да го признае она што го знае, а премолчува, вистината за влијанието на политичарите, значењето на естрадните фолк “ѕвезди“, следењето на нивната мода, тренд и музика, короната и нејзините последици, секојдневните излегувања во кафеани и однесување на улица... Балканот во неколку комични часа.
Хрватот Пеѓа Бајовиќ пионер и ветеран на балканската стендап-сцена, еден од најдобрите македонски стендап-комичари Никола Тодороски , најдобриот грчки стендап-комичари Димитрис Џими Цапас (Диего Себастијан), најангажираниот стендап-комичар во Македонија Бојан Велевски, првата и најубавата српска стендап-комичарка Маријана Аранѓеловиќ, Филип Угреновиќ српски комичар и водител, познат е како радиолице од најпопуларното балканско Накси радио, Ненад Шиља Стефановски, по потекло горд Македонец кој 20 години е заглавен во Белград, генијаниот Никола Силиќ и квартетот Охриѓани немат снемано: Никола Братучед Сиљаноски, Илија Богданоски, Јован Цветкоски и Зоран Донев, без влакна на јазикот, сурово искрени и брутални ќе ја изнудат насмевката на секој гледач.
Доколку сте љубител на стендап комедиите, од денес сите изведби на ,,Скопје гори од смеа“ се достапни на Gley.
Годинава фестивалот е поддржан од првата македонска стриминг платформа, чија примарна цел е поттикнување на квалитетна домашна продукција.
Гледајте kаде сакате, колку сакате и што сакате и секако смејте се со извонредните комичари, само на Gley!
Gley.tv е достапна преку посебните апликации на Smart TV, мобилен или таблет, како и на компјутер.
ПР објава
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




