29 Септември, 2024
0.0258

ПЛАНИРАЛЕ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА КОНЦЕРТОТ НА ТЕЈЛОР СВИФТ: Уапсени двајца терористи во Австрија, едниот со потекло од Балканот

Објавено во: Свет 08 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Вчера вечер како бомба одекна веста дека се откажани три распродадени концерти кои Тејлор Свифт требаше да ги одржи во Виена.

- Турнејата Ерас е откажана поради потврдата на владата дека откриле планирани терористички напади. Немаме друг избор освен да ги откажеме трите закажани концерти за сечија безбедност. Во текот на следните десет дена на сите ќе им бидат вратени парите од влезниците - соопштија организаторите на концертот.

Да потсетиме, вчера во Австрија беа уапсени двајца осомничени екстремисти, а еден од нив е осомничен дека планирал напад на некои од настаните во Виена, вклучително и на претстојните концерти на Тејлор Свифт, соопштија властите.

Главниот осомничен (19) е уапсен во Терница и, според австриската полиција, тој е Австриец со северномакедонско потекло, а второто лице е уапсено во Виена. Се уште не се познати детали за помладиот осомничен. Сепак, според надлежните, едно е сигурно: се вршеле подготовки за терористички напад, а целта биле настани во пошироката област на Виена. Потрагата по останатите осомничени е во тек

Што е пронајдено во станот

Франц Руф, директор за јавна безбедност во австриското Министерство за внатрешни работи, рече дека властите биле свесни за „подготвителни дејствија“ за можен напад и дека 19-годишниот осомничен „се фокусирал на концертите на Тејлор Свифт во Виена“, пренесе АПА.

Раф рече дека 19-годишникот се заколнал на верност на терористичката група Исламска држава. Се верува дека австрискиот државјанин се радикализирал на интернет. Во неговиот стан била пронајдена сомнителна материја за која постои сомневање дека е експлозив и била дадена на тестирање.

Тејлор Свифт закажа концерти на стадионот Ернст Хапел во Виена во четврток, петок и сабота како дел од турнејата Ерас.

Ќе се зајакнат безбедносните мерки за концертите.

Блиц.рс

Фото: Принтскрин

Можеби ќе ве интересира

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот