19 Декември, 2025
0.0440

Планираните 570 брани закана за реките на Балканот

Објавено во: Мои пари 22 Март, 2014 10:56

Добивај вести на Viber

На просторот од Словенија до Македонија се планира изградба на повеќе од 570 хидроцентрали со инсталирана моќ поголема од 1 мегават со што се доведува во прашање најзначајното природно богатство на Европа – реките, посочуваат Меѓународните организации кои работат на полето на заштита на природата, Euronatur и Riverwatch, во чест на 22 Март, Светскиот ден на водата. - Мора да се спротивставиме на овој застарен тренд. Голем дел од планираните проекти се во спротивност со европската легислатива и меѓународните конвенции. Уште поскандалозно е инвестирањето на проектите преку странски инвеститори, вели Улрух Ејхелман, претседателот на Меѓународната организација за зачувување на реките Riverwatch. Според претседателот на Euronatur, Габриел Швадерер, изградбата на хидроенергетските проекти се наложува без никаков обѕир спрема луѓето и природата, дури и во национални паркови. - Ова е неприфатливо и го попречува потенцијалот за одржлив економски развој во земјите на Балканот. Пред спроведување на хидроенергетските проекти мора да се има предвид потенцијалното негативно влијание врз природата. Императив е изготвување на глобален план за зачувување на најранливите водни екосистеми во регион, нагласува Швадерер. Балканскиот Полуостров е единствено место во Европа каде се уште постои разновидност од недопрени реки, кристално чисти потоци, пространи речни долини, недопрени крајречни шуми, спектакуларни водопади, па дури и карстни подземни реки. Направена е и хидроморфолошка проценка на реките на Балканскиот Полуостров во должина од околу 35.000 километри во која има проценка на постоечки и планирани хидроенергетски проекти, вклучувајќи и студија за биолошката разновидност на рибите и мекотелите, која покажува дека 30 отсто од водотеците се во природна, а 50 проценти во полуприродна состојба. - Повеќе од 60 отсто од реките во Албанија и Црна Гора се во природна состојба, за разлика од остатокот од Европа каде овој процент се движи од 6 до 10. Во реките на Балканскиот Полуостров има 69 видови ендемични риби и се живеалиште за 151 ретки видови од групата слатководни мекотели, што претставува 40,5 отсто од сите загрозени видови мекотели во Европа, се вели во студијата.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција