18 Декември, 2025
0.0555

Планирате одмор во септември? Еве какво ќе биде времето!

Објавено во: Македонија 24 Август, 2025 06:40

Добивај вести на Viber

Според моменталните излази на најажурниот прогностички модел ECMWF (Европски центар за Среднорочна прогноза) месец септември 2025 година во нашата Република Македонија ќе биде потопол од повеќе деценискиот просек и тоа за 1 до 2 степени, што значи дека летните температури со по умерен интензитет ќе продолжат и во текот на месец септември, пишува метеорологот Славчо Попоски.

„Според она што можам во моментов да го изјавам за јавноста, во првата седмица од септември ќе имаме уште еден топол бран од Африка кој ќе донесе температури од над 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминуваат 35 степени. Потоа повторно очекувам освежување на времето со умерено високи температури на воздухот.

Што се однесува пак до врнежите во текот на месец септември, тие во нашиот дел од Европа ќе бидат потпросечни, односно ќе имаме нешто помалку врнежи од просекот за септември. Сепак, и покрај ова секако ќе има повремени продори на влажни и нестабилни воздушни маси кои би донесле повремени поројни врнежи, грмежи, ветер а  и можност за локална појава на невреме“, прогнозира Поповски.

Што се однесува до најголем дел од Европа, септември месец ќе биде натпросечно топол, со повеќе  и почести врнежи во северните  и во северозападните предели од Европскиот Континент.

„Се на се, слободно можам да кажам дека доколку планирате одмор во септември како во нашите туристички места, така  и во туристичките дестинации во регионот слободно тоа да го направите, поради тоа што летото ќе ни продолжи и ќе го имаме  и во септември месец, нормално со по умерени температури на воздухот“, пишува метеорологот.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми