03 Мај, 2024
0.0242

Плановите на Субрата Рој за Џумајлија: Премногу добро за да биде реално!?

Објавено во: Агробизнис 28 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Земјоделските клутури наменети за добиточна храна ќе се посеат во ноември годинава, првата жетва ќе биде во мај следната година, а веднаш потоа ќе се набават и првите грла крави- вака од прилика изгледа планот на индсиката компанија Сахара груп за  проектот за земјоделство. И покрај скептицизмот на дел од експертската јавност и на земјоделците, врвот на Сахара груп порачува, дека инвестицијата е реална, разработени се сите параметри за производство на млеко и одгледување на кравите. Добитокот ќе се набави од Америка, Холандија и Германија. Засега како што велат од компанијата сеуште немаат добиено дозвола за увоз на добитокот, ама плановите за текот на земјоделските активности се подготвени. Уверуваат дека не постои проблем во однос на прилагодувањето на увозните крави на македонско тло.  Не постои  проблем ниту во потенцијалот за сместување на 20.000 крави кои треба да се донесат во фармите во следните три години, вели за Фактор менаџерот на Сахара груп А.П. Синха. -Прво ние треба да обезбедиме услови за да може да добиеме дозвола за увоз на крави, така што тоа прашање ќе го разгледуваме подоцна. Кравите ќе бидат сместени во контролирани услови, значи ќе имаат соодветни услови, така што климатските услови немаат толку големо влијание врз добросостојбата на животните. Ова земјиште кое сега го имаме е доволно да се нахранат сите тие крави, но ако има потреба од увоз на концентрат ние ќе го сториме тоа. Ние сакаме да соработуваме со локалните фармери и ќе им обезбедиме технологија знаење за тие да произведуваат она што нам ни е потребно. Ова е само почетокот на земјоделските работи, во однос на кравите ние имаме и  површина од 4.700 хекатри,  така што кравите ќе бидат распоредени според мислењата на експертите онаму каде што има добри услови за одгледување, објаснува Синха. Но, дел од македонските агроексперти уште кога се најави инвестицијата порачаа дека планот е преамбициозен за македонско поднебје. -Во тој дел на Македонија имаме неповолни услови, суша, ниска воздушна влажност. Таму тешко може да дадат добри резултати високо приносни крави, коишто мораме да ги донесеме од Холандија или од Германија. Вие треба да направите инфраструктура, не можете сите тие 20 илјади грла, мора на повеќе места каде што има инфраструктура, каде што мора во близина да произведете храна за тој добиток, најмалку да произведете сопствена кабаста храна. Така што, за тие 20 илјади грла, тој мора да издвои најмалку 10 илјади хектари за да организира производство на добиточна храна, вели пензионираниот професор од Факултетот за земјоделски науки и храна Борис Анакиев. Упатените во бизнисот коментираат дека  сега во Македонија најголемите фарми имаат околу 1.000 крави, а и тие се бројат на прсти.  Според  математичките пресметки на познавачите, за да се сместат овие 20.000 крави потребна е површина од речиси 100.000 метри квадратни, ако се има во предвид дека според школски пример во една специјализирана фарма, на една крава за удобно да биде сместена и се потребни околу 5 метри квардатни. Вредноста на инвестицијата е 211 милиони евра Според договорот потпишан со министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство компанијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој, е обврзана во првите 18 месеци да донесе 8.000 грла крава , а за три години 20.000 крави. Во млекарницата што ќе ја изгради, според договорот дневно треба да се произведува по 80.000 литри млеко. Исто така договорот предвидува вработување на 900 лица во првите 18 месеци, а во рок од 3 години бројот на вработени да достигне 2.000 вработени. Компанијата на Рој го доби дел од земјиштето на пропаднатиот агрокомбинат Џумајлива во светиниколоско, под концесија во времетрање од 15 години. За закупот треба да и плаќа на државата годишно 121.000 евра. Од Сахара груп, уверуваат дека сите давачки кон државата навреме ќе се ги подмируваат. Засега според нивниот бизнис план не им биле потребни субвенции, но не ја исклучуваат можноста како големи производители да конкурираат за државните субвенции за земјоделство. -Субвенциите се за малите земјоделци, а ние не сме мали земјоделци и тие не се вклучени во нашиот бизнис план, бидејќи субвенциите не би играле голема улога во нашите инвестиции. Досега не аплициравме за субвенции, но доколку според законот на поголеми фармери како нас им следуваат нормално ќе аплицираме, објаснува менаџерот на Сахара груп А.П Синха. А токму за субвенциите пред извесен период бурно реагираше опозицијата. -Доколку Субрата Рој, односно недефинираното правно лице – закупец, во наредните 3 години произведе исто колку што произведувал агро – комбинатот Џумајлија во тие 3 години, тогаш државата на име на субвенции е должна да му исплати на закупецот околу 1.300.000 евра, односно просечно околу 430.000 евра годишно. Во исто време истиот за добиените 430.000 евра годишно треба да плати закупнина во износ од 121.000 евра. Тоа значи дека по истиот основ му се овозможува да заработува по 300.000 евра годишно на сметка на државата, а без минимално да го подобри работењето на закупените капацитети, односно во добар дел да го пополни износот на банкарската гаранција, изјави пред околу еден месец портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Бизнисменот Субрата Рој купи дел од земјиштето на пропаднатиот агрокомбинат Џумајлија. Овој некогашен земјоделски гигант поседува околу 6.000 хектари обработливо земјоделско земјиште и исто толку пасишта, винарска визба, млин, фарма за крави и овци. Во овој агро комбинат се одгледуваа 1.000 овци, околу 900 јагниња годишно, 200 молзни крави кои даваа по 5.000 литри млеко во текот на денот. Успешната приказна на Џумајлија  заврши со стечај, а сега дел е распродаден, а дел се банкарски хипотеки. Вчера компанијата Сахара груп и официјално стана сопственик на земјиштето од Џумајлија. Со верски обичаи, сечење црвени ленти и индиски специјалитети, се означи стартот на земјоделските активности на земјиштето. За успешен почеток првиот декар го изораа министерот за земјоделство Љупчо Димовски и министерот за финансии Зоран Ставрески. Според нив оваа инвестиција е најголема во последните 20 години, и ќе влијае врз развојот на земјоделството. Ј.Ј.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?