Плата и денес нема, протест пред тетовската болница
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2025 11:33
Десетици медицински сестри и технички персонал со нерешени работни статуси денес повторно протестираа пред Клиничката болница во Тетово. Тие рекоа дека покрај тоа што немаат работни решенија, веќе три месеци се без плати.
„Тетовската болница ја одржуваме во живот ние, но тие нè заборавија. Не бараме подароци, бараме задоцнети плати, ги бараме заслужените и ветени договори. Доста со лагите. Лекарите спасуваат луѓе, нашиот персонал ги спасува лекарите, но прашањето е кој ќе нè спаси“, рече медицинската сестра Флутурие Ислами.
Во меѓувреме, главната медицинска сестра Дита Заими, која рече дека е овластена од директорот на болницата Агим Бериша да зборува, рече дека не е вистина дека медицинските сестри не примиле три плати, туку дека не е исплатена само априлската плата.
„Дека не примиле три плати, не е вистина. Не примиле само априлската плата. Само сакам да го негирам ова, дека нема три, само априлската плата не е исплатена, а месец мај е веќе завршен, што значи дека и ние ги примаме платите до 15-ти, тие секогаш ги примале 1 или 2 дена пред нас, или по нас, што значи дека сега платата доаѓа на 15-ти“, рече главната медицинска сестра Дита Заими.
Таа побара вработените да формираат работна група и да ги решат своите барања со официјално писмо, додека вели дека не е вистина дека вработените не ги примиле платите три месеци.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




