ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија
Објавено во: Економија 29 Март, 2024
Преку блок трансакција на Берзата вчера се продадени 27 акции на фармацевтската компанија „Реплек“, за вкупна сума од над 45 илјади евра.
Цената која купувачот ја платил за една акција е 103.250 денари, додека, пак, на последното тргување на редовниот пазар кое се случило на 27 март, акциите се продавале по цена од 103.581 денари, што значи дека на блок трансакцијата постигнатата цена е нешто пониска од онаа што последно се постигнала на редовниот пазар.
Со оглед што компанијата засега има издадено вкупно 25.920 акции, поминатиот пакет од 27 акции е мал и претставува 0,1 отсто од целосната акционерска структура на компанијата.
Купувачот на овие 27 акции засега не е познат, но факт е дека „Реплек“ е многу транспарентна компанија и известува дури и за најмала сопственичка промена доколку таа е поврзана со некој од нејзините поголеми акционери, или, пак, членови на Управниот или Надзорниот орган на компанијата.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.