19 Декември, 2025
0.0640

Платформа ЧУВАРИ НА МУДРОСТА: Што можеме да научиме од постарите?

Објавено во: Мои пари 13 Февруари, 2023 11:37

Добивај вести на Viber

Колкава е вредноста на мудроста, колку е значајно искуството што може да ни го пренесат постарите лица? За возврат, колку е значајно вниманието, грижата и љубовта кои можеме да им ги подариме? Ова е дел од мисијата на новата платформа ЧУВАРИ НА МУДРОСТА (cuvarinamudrosta.mk) каде под мотото „Да ги слушнеме и гушнеме“, Халкбанк АД Скопје влезе во општествено одговорна кампања за поддршка на старите лица. Преку своето искуство и мудрост, наши познати културни, општествени дејци, луѓе од бизнисот, спортот и уметноста, кои и во зрелите години или по пензионирањето се активни, ќе им пренесат совети за оние кои сега чекорат по нивните стапки.

- Кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ ја почнавме токму од нас. Во нашите простории ги поканивме пензионираните колеги кои ни пренесоа прекрасни искуства, нешта кои нема да ги најдете во учебниците. Тоа е целта на новата платформа ЧУВАРИ НА МУДРОСТА. Од една страна да ги слушнеме личните приказни на нашите дејци, а од друга страна да учиме од нивните искуства. Не само во рамките на нашата општествено одговорна дејност, туку како наша генерална определба, луѓето се најважни, од внуче до баба и дедо. И затоа подготвивме интересни и богати содржини за да им покажеме колку се важни – вели Маја Наумовска-Савеска од ХалкбанкАД Скопје.

Платформата ЧУВАРИ НА МУДРОСТА има динамична содржина. Во рубриката „Да ги слушнеме“ досега се објавени интервјуа од писателот и публицист Васил Тоциновски, уметникот и хуманист Живко Поповски-Цветин, писателите Љубинка Донева и Киро Донев, новинарите Лилјана Грџо Дамовска и Љупчо Јолевски, Даница Павловска-Циги, архитект, библиотекарката Тања Гошева.

Рубриката „Твоја порака“ е место за вашите зборови. Што би сакале да им порачате на вашите сакани кои се веќе во години? Калин Карајованов вели:

- Сакајте ги додека се тука бидејќи животот е непредвидлив.

Во рубриката „Мудри совети“ издвоени се мисли од нашите дејци:

- Во животот нема случајности. А нивните резултати се аргумент оти зад човекот/авторот стојат неговите дела како единствена етичка и естетска мера за неговите животни и творечки врвици. Значи одговорот е еден: работа, работа, и само работа – вели Васил Тоциновски.

Платформата ЧУВАРИ НА МУДРОСТА и кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ се проследени со одличните илустрации, уште една општествено одговорна акција на Халкбанк АД Скопје која ја поддржува уметноста. Во рамките на кампањата веќе беше спроведена акцијата „На кино со баба и дедо“ во повеќе градови во Македонија, а еден од прикажуваните филмови беше „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски. Во повеќе домови за стари лица беа организирани предновогодишни игранки со наши истакнати естрадни уметници.

Халбанк АД Скопје преку платформата и на кампањата порачува: Во брзото секојдневие да сопреме за миг и тој миг да им го подариме на постарите, на нашето семејство. Кампањата ќе се одвива во различни етапи, во соработка со пензионерски здруженија, домови за стари лица, училишта и градинки низ целата земја. Интегрираната кампања обединува најразлични активности и се одвива на сите канали за комуникација, вклучувајќи ја и документаристичката компонента.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии