22 Ноември, 2024
0.0290

ПЛАТИ И НАД 37 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - општините вријат од огласи, се бара советник или раководител повеќе

Објавено во: Економија 05 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Ресен, Могила, Куманово, Делчево... Некаде по еден, некаде и по повеќе. На општините некако нагло почнаа да им недостигаат работници, особено како наближуваат локалните избори.

Речиси секојдневно Агенцијата за администрација распишува огласи, со кои општините бараат соодветни извршители за работните места кои им се отворени. Платите и не се така лоши, некаде и над 37 илјади денари.

Најмногу вработувања во последниов период планира општината на градоначалникот Максим Димитриевски. Куманово распишала оглас за вработување на пет лица, меѓу кои ќе има и такви што ќе земаат плата и над 37 илјади денари.

Односно, едно од вработувањата што се бараат е раководител на секторот за образование, чии месечен надоместок ќе биде доста солиден и ќе изнесува 37.647 денари. Нема да биде лоша ниту платата што ќе ги добива помошник раководителот на секторот на градоначалникот и Советот на општината и таа ќе изнесува 32.887 денари.

Потоа, плата од 26.278 денари ќе зема советникот за планирање на локален економски развој, додека, пак, нешто понизок месечен надоместок ќе има вишиот соработник за административна поддршка во утврдување на данок на промет на недвижности и данок на наследство и подарок, и таа ќе изнесува 24.427 денари. Општина Куманово бара и референт за упатување на граѓани, чиј плата ќе биде 14.995 денари.

Во изминатата недела и општина Ресен распиша оглас за примање на советник – овластен инспектор за патен сообраќај и патишта. Неговата плата ќе биде 26.526 денари, се вели во конкурсот.

Општина Могила, пак, ќе прими двајца луѓе. Првото работно место што сака да го пополни е советник за нормативно правни работи, чија плата ќе изнесува 25.500 денари, додека, пак, второто, се однесува на советник за човечки ресурси, кој ќе ја зема истата оваа плата.

И општина Делчево распишала оглас преку Агенцијата за администрација за три нови вработувања. Првото е за соработникот за администрирање на локалните даноци, такси и надоместоци, чиј месечен надоместок ќе изнесува 23.634 денари, а се бара и соработник за јавни набавки, кој ќе ја зема истата плата. Општината сака да прими и советник за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина, кој ќе биде платен 26.278 денари месечно.

Нови работници ќе примаат и општина Сопиште и Брвеница, по еден, како и општина Лозово, која бара двајца извршители.

А за споредба, само неколку јавни здравствени установи, односно здавствени домови, имаат барања за само по едно вработување, иако е познато колку е критичка состојбата со коронавирусот во земјава.

Фактор и на средината на февруари пишуваше за голем број огласи за вработување кои се распишуваат во општините.

Киела Вода тогаш бараше советник за вклопување на бесправно изградени објекти во Детално урбанистичкиот план, кој ќе зема плата од 26.254 денари, како и референт администратор во Урбана заедница Црниче, кој ќе биде платен 14.876 денари.

Поголем број службеници бараше општина Валандово, таму ќе има дури шест нови вработувања. Виш соработник – систем администратор на ИТ мрежи, кој ќе зема 24.426 денари плата. Општината ќе прими и соработник за нормативно правни работи и управување со човечки ресурси, чии месечен надоместок ќе изнесува 23.634 денари. За истата оваа сума на плата ќе работи и соработникот за водење на постапки за јавни набавки. Плата од 22.047 денари ќе зема и помладиот соработник – геодет, додека, пак, најниската плата од 14.909 денари ќе зема референтот за координација на активностите на градоначалникот.

Пет нови вработувања, пак, ќе има општина Прилеп, а ќе бара самостоен референт за прибирање административни работи, прибирање и обработка на податоци, соработник за подготвување на годишна сметка и финансиски извештаи и планови, самостоен референт за уредување на просторот и заштита на животната средина, раководител на одделение за правни работи, како и советник за спроведување на постапка за издавање на одобренија за градење, чии плати ќе се движат меѓу 16 и 29 илјади денари.

А, не е исклучено и работните места низ некои од општините, односно огласите за нив, да се распишуваат за претходно „рамковно вработените“ граѓани.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на почетокот на јануари годинава соопшти дека во согласност со законските обврски, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби го доставил планот за распределба на административните службеници до Владата, а од соопштението можеше да се разбере дека најголем дел од „рамковно вработените“ сега ќе добијат работни столчиња низ општините во земјава, иако ќе се вработуваат и низ другите државни институции.

Според договорот меѓу партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски, локалните избори треба да се одржат на крајот на октомври, односно или на 24 или на 31 тој месец.

Тогаш ќе се види кои градоначалници работеле добро и нивните партии или самите тие доколку повторно се кандидираат ќе ја добијат довербата од граѓаните, или, пак, ќе добие кандидатот на ривалската политичка партија.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат