ПЛАТИТЕ СЕ ОДРЖАЛЕ ВЕШТАЧКИ: А од одливите на домаќинствата 80 отсто се за државата
Објавено во: Економија 30 Август, 2021 07:08
Пораснале платите, па така пораснал и расположливиот доход на домаќинствата и во пандемиската 2020 година, објави Народната банка. Но за разлика од претходната 2019 година, лани, расположливиот доход на домаќинставата растел со побавно темпо или е за 2,3 проценти поголем на годишно ниво, за разлика од 2019 година кога растот е над 4 отсто. Сепак најголем дел од растот се должи на вештачкото зголемување на платите како помош од кризата и растот на минималната плата. Она што го нотира централната банка е дека повторно дури 80 отсто од одливите на домаќинствата се давачките кон државата. Од друга страна, при забавен раст на расположливиот доход , но и при поголема воздржаност од трошење поврзана со неизвесноста околу работните места и идните примања поради пандемијата паднала личната потрошувачка во 2020 година.
„Од друга страна, поголемата воздржаност од трошење овозможи поголем дел од расположливиот доход на секторот по издатоците за личната потрошувачка да остане расположлив за заштеда. Ова, од своја страна придонесе за значително повеќе од двојно зголемување на стапката на штедење на секторот „домаќинства“ во 2020 година, која достигна 8,7 проценти, стои во Извештајот за финансиска стабилност во 2020 година.
Инаку во земјава никој не пресметува податок за расположливиот доход во официјалната статистика. Народната банка од 2007 година изработува еднаш годишно приближен податок. Така расположливиот доход е разлика на приливите и одливите на пари кон и од домаќинства. Како приливни компоненти се земаат платите, пензиите, социјална помош или други исплати, како камати, дивиденди, приходи од имот, од акции игри на среќа. Додека одливи се расходите за камати, придонесите кои се плаќаат кон државата и фондовите, за државното здравствено осигурување, за осигурување во случај на невработеност, приватни трансфери кон странство и плаќањата за данок на личен доход.
Сепак како што вели и НБМ во овие податоци не се земени приливите кои се добиваат врз основа на сива економија.
Инаку за да ги одржи платите кои се дел од приливите Владата во 2020 година презема и некои мерки, а имаше пакети и за да се одржи бројот на вработени. Бројот на вработени лица во 2020 година се намали за 0,3 проценти, при истовремено намалување и на стапката на вработеност за 0,2 процентни поени до нивото од 47,1 отсто.
Покрај редовното усогласување во април 2019 година, минималната плата беше вонредно зголемена во декември 2019 година и тоа за околу 2.000 денари, нето и изнесуваше 14.500 денари. Минималната нето-плата од јули 2020 година се зголеми за 3 отсто, со што минималната нето-плата изнесува 14.934 денари.Во меѓувреме се зголемија и платите во образованието и на докторите.
А.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





