24 Ноември, 2024
0.0267

PLAYBOY „ЗАЈАЧИЦА“, СОПСТВЕНИЦИ НА КАЗИНА И НА КОШАРКАРСКИ КЛУБОВИ ДОНИРААТ ЗА КАМПАЊАТА НА ТРАМП: Кои неговите најголеми финасиери

Објавено во: Свет 17 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Некои од најбогатите луѓе во Америка ја поддржуваат кампањата на Трамп за враќање во Белата куќа: Дваесет и шест милијардери меѓу неговите донатори, чие вкупно богатство е 143 милијарди долари, досега во оваа кампања инвестирале 162 милиони долари.

„Потребно ни е лидерство кое не излегува од џебовите на големите корпорации, туку одговара на работниците. Лидер кој нема да ги предаде американските компании, туку ќе се бори за американската индустрија“, изјави минатиот месец сенаторот од Охајо, Џеј-Ди Венс.

Доказите од Федералната изборна комисија нудат малку поинаква приказна.

Поддржан е од лидерите на најголемите американски компании

Многу од најбогатите поединци во нацијата, вклучително и основачите и извршните директори на некои од најголемите американски бизниси, го поддржуваат Трамп. Всушност, 26 милијардери веќе донираа повеќе од 1 милион долари на PAC (Политички акционен комитет), новиот комитет за политичка акција што ја поддржува претседателската кандидатура на Доналд Трамп.

Од 26 најголеми донатори на Трамп, 16 милијардери го добиваат своето богатство од приватни, често семејни корпорации со седиште во САД.

На списокот има неколку наследници како Вуди Џонсон, наследник на Џонсон и Џонсон и Миријам Аделсон, вдовица на казино магнаот Шелдон Аделсон. Сепак, огромното мнозинство донатори изградија свои милијардерски империи.

Најголемите индустрии меѓу главните милијардери – донатори на Трамп се казината (4), финансиите (3) и нафтата и гасот (3).

Откако Форбс за првпат ги наведе најголемите донатори на Трамп пред два месеци, Аделсон сега е четвртиот најголем донатор благодарение на големите донации кон крајот на мај (таа вели дека има планови кои наскоро би можеле да ја стават на врвот на листата).

Новини во топ 10 се и берзанскиот милијардер Џеф Спрецер и неговата сопруга, поранешната сенаторка Кели Лефлер.

Хендрикс исто така се искачи од четвртото на третото место. Потезите ги исфрлија од топ 10 сопственикот на Њујорк Џетс, Вуди Џонсон и магнатот за недвижнини во Лос Анџелес, Џефри Палмер.

Пет од овие донатори донираа пари на новоформираната Америка PAC, фонд основан во мај кој веќе потроши близу 8 милиони долари. Медиумите објавија дека Маск ветил 45 милиони долари месечно за тие цели, иако подоцна изјави дека ќе ја поддржи групата на „многу пониско ниво“.

Маск можеби сè уште не е на списокот, но неговиот долгогодишен пријател и инвеститор Антонио Грацијас е. Тој даде 1 милион долари на Америка PAC во јуни.

Список на првите пет донатори

Прв на листата е Тимоти Мел, кој одвоил 76,5 милиони долари за донации на Трамп.

Наследник на американско богатство кое датира од пред повеќе од еден век, тој ги заработил своите пари во железничката индустрија. Мелон даде повеќе од 75 милиони долари на PAC на Трамп (вклучувајќи донација од 50 милиони долари следниот ден по пресудата за вина на Трамп) и дополнителни 25 милиони долари за поддршка на Роберт Ф. Кенеди Џуниор.

Втората е Линда Мекман (сопругата на Винс Мекман), која донираше 16 милиони долари за кампањата на Трамп.

Таа и нејзиниот сопруг го изградија World Wrestling Entertainment во милијардерски џин. Таа е вклучена во политиката со години, неуспешно се кандидираше за Сенатот во Конектикат во 2010 и 2012 година, а потоа служеше како шеф на администрацијата за мали бизниси додека Трамп беше на функцијата.

Таа останува блиску до центарот на орбитата МАГА, претседава со про-Трамп непрофитниот институт Америка Прва политика, седи во одборот на матичната компанија на Truth Social, Trump Media and Technology Group, и донираше повеќе од 15 милиони долари на акционите комитети на Трамп.

Дијана Хендрикс е трета на листата, која на Трамп му донира 6,3 милиони долари.

На сцената на Републиканската национална конвенција во нејзината родна држава Висконсин минатиот месец, Хендрикс ја прослави титулата најбогата жена во Америка, зборуваше за нејзините ставови и ја обвини администрацијата на Бајден-Харис за задушување на претприемништвото.

Таа, инаку, е поранешна зајачица на Плејбој, а нејзината компанија за градежни материјали ABC Supply сега генерира 20 милијарди долари годишен приход. „Знам колку е тешко да се изгради компанија од ништо. Ни треба претседател кој исто така го разбира тоа“. Таа веќе има инвестирано повеќе од 6 милиони долари.

Миријам Аделсон инвестираше 5,8 милиони долари за Трамп.

Докторка по професија, таа е вдовица на казино-магнат и долгогодишен републикански донатор Шелдон Аделсон, родена е во Израел, а сега поседува мнозински удел во казино империјата Лас Вегас Сендс и НБА тимот Далас Маверикс.

Двојката Аделсон донираа неверојатни 220 милиони долари на републиканците во 2020 година, а Миријам продолжува да донира големи суми по смртта на Шелдон во 2021 година.

Според извештајот на Њујорк Тајмс, Аделсон планира да потроши повеќе од 90 милиони долари за поддршка на Трамп (досега даде 5,8 милиони долари), но има неколку барања: „Бидете помалку бомбастични, зборувајте подиректно за економијата“.

Донациите на Келси Ворен за групите на Трамп изнесуваат 5,8 милиони долари.


Ворен даде 100.000 долари за да му помогне на неговиот избор во 2016 година, а потоа даде повеќе од 11 милиони долари во 2020 година. Тој даде близу 6 милиони долари оваа година, иако минатата година, исто така, донираше за гувернерот на Флорида и противкандидат за првичните избори на Трамп, Рон ДеСантис.

фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ИРАК E ВО ПАНИКА: Дали Израел се подготвува за напад и на Багдад?

ЗЕЛЕНСКИ – „НА ПОВИДОК Е КРАЈОТ НА ВОЈНАТА“: Еве кога ќе заврши според него

ЗЕЛЕНСКИ – „НА ПОВИДОК Е КРАЈОТ НА ВОЈНАТА“: Еве кога ќе заврши според него

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ПОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Завеани камиони на патиштата, повредени луѓе низ градовите, прекини во сообраќајот....

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ПОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Завеани камиони на патиштата, повредени луѓе низ градовите, прекини во сообраќајот....

РАЗЛИКИ МЕЃУ ХИПЕРСОНИЧНАТА И ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНАТА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА: Една е клучна

РАЗЛИКИ МЕЃУ ХИПЕРСОНИЧНАТА И ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНАТА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА: Една е клучна

ВОЕНИОТ СОВЕТНИК НА ТРАМП – ЗАПАДОТ СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ОД 1945: Генералот Кин ја анализира ситуацијата

ВОЕНИОТ СОВЕТНИК НА ТРАМП – ЗАПАДОТ СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ОД 1945: Генералот Кин ја анализира ситуацијата

„ЌЕ ГО ТЕСТИРАМЕ ИСКЛУЧИВО ВО БОРБА“, базата во Полска е приоритетна цел на Русија

„ЌЕ ГО ТЕСТИРАМЕ ИСКЛУЧИВО ВО БОРБА“, базата во Полска е приоритетна цел на Русија

ГЕРМАНИЈА ИМ ДАВА ПАРИ НА МИГРАНТИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА: „Одбиени им се барањата за азил, треба доброволно да заминат“

ГЕРМАНИЈА ИМ ДАВА ПАРИ НА МИГРАНТИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА: „Одбиени им се барањата за азил, треба доброволно да заминат“

ДАЛИ ГРЕНЕЛ ЌЕ ЈА ДОБИЕ НАЈЗНАЧАЈНАТА УЛОГА, ПРОТЕКОА ИНФОРМАЦИИ: Најверојатно тој ќе треба да ја „реши“ војната Русија-Украина

ДАЛИ ГРЕНЕЛ ЌЕ ЈА ДОБИЕ НАЈЗНАЧАЈНАТА УЛОГА, ПРОТЕКОА ИНФОРМАЦИИ: Најверојатно тој ќе треба да ја „реши“ војната Русија-Украина

СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАРИУПОЛ: Овие војници имаат одвоено сместување, храна, музика и филмови од другите странски трупи

СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАРИУПОЛ: Овие војници имаат одвоено сместување, храна, музика и филмови од другите странски трупи