Плодна година за суровините и енергенсите
Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2016 08:28
За разлика од мачната 2015-та, годинава е како мелем за раните на компаниите од суровинскиот и енергетскиотсектор, па следствено на тоа и за нас инвеститорите, без разлика дали вложувањата биле направени во термински договори, врзани со цената на суровините и енергенсите, или пак како посредно вложување во акции на компании од овие сегменти. Главната причина за промената во трендот, повторно ѝ се припишува на зголемената потрошувачка во Кина.
Па така, откако кинеската влада објави стимулативни мерки за достигнување на посакуваната стапка на раст во градежниот сектор и пазарот на недвижностите (во формана пониски даноци при стекнување на втора недвижност и олеснет пристап до банкарското финансирање), станавме сведоци на нагорен тренд во цените на суровините. Поради тоа, не изненадува податокот што годинава најголемо поскапување бележат токму материјалите кои се употребуваат во градежниот сектор. Цената на железната руда, неопходна за производство на железо и челик, до средината на месец декември порасна за повеќе од 80%, мерено во американски долари. Нејзе ја следат цинковите руди, коишто се користат во процесот на поцинкување на челикот, со раст во цената за оваа година од 62%, како и самиот челик со речиси 50 процентен пораст. На дното пак на листата се приносите на благородните метали, кои, поради атрактивните поврати од обврзничките и акциските пазари, годинава не се многу во инвеститорскиот фокус.
За волја на вистината сликата на почетокот на годината беше сосема поинаква. По допирањето на дното во текот на февруари, кога барел сурова нафта се тргуваше за помалку од 30 долари, активиран беше црвениот аларм кај најголемите производители, по што започнаа преговорите за времено ограничување на експлоатацијата, односно замрзнување на растот во понудата. Повлекувањето на нафтениот картел OPEC (The Organization of the Petroleum Exporting Countries) од системот на квоти, кој порано служеше за стабилизирање на цената на суровата нафта, преку урамнотежување на понудата со агрегатната побарувачка, се оценува како главна причина за големата волатилност на цената на нафтата во последниве неколку години.По целогодишните преговори, во декември конечно е постигнат договор, за кој веруваме дека ќе ја врати нужната стабилност на енергетските пазари. Цената на нафтата годинава порасна за 20%.
Покапувањето на цените во суровинскиот и енергетскиот сектор, годинава донесе позитивни вести и за вложувачите во нашиот инвестициски фонд КД БРИК. Остварената стапка на принос, за периодот февруари-декември 2016 година, пресметана преку порастот во цената на уделот, изнесува респектабилни 26%, што е вистински вложувачки погодок, особено во ситуација кога каматните стапки на депозитите се на рекордно ниско ниво.
КД Фондови
Повеќе од штедење
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




