11 Декември, 2025
0.0483

ПЛОШТАД „МАКЕДОНИЈА“, СЕПАК, НЕМА ДУПКА - сликата од пропаднатиот камион е стара

Објавено во: Македонија 22 Март, 2023 12:38

Добивај вести на Viber

По објавувањето на фотографијата за пропаднат камион во фонтаната на плоштадот „Македонија“ на Фејсбук, пораталот Фактор ја пренесе информацијата, верувајќи во веродостојноста на објавата која беше објавена утрово. 

Сепак, проверките на терен покажуваат дека утрово нема пропаднато камион во фонтаната. 

Се извинувме на читателите и на јавноста за пренесената неточна информација. 

Веста за пропраѓањето на камионот во фонтата ја објавивме, верувајќи дека објавата на Фејсбук страната „Ѕид на сообраќајниот срам“ е вистинита. 

Реакција пристигна и од град Скопје, под чија надлежност е одржувањето на плоштадот „Македонија“. Нивниот демант ви го пренесуваме во целост:

Жалиме што на овој начин мораме да реагираме, но мораме да ја констатираме неподготвеноста на одредени медиуми соодветно да ги проверат информациите кои се пласираат на социјалните мрежи, креирани во партиски кујни, и ги претставуваат како кредибилни.

Вистината, доколку медиумите кои објавија за наводно пропаднат камион на плоштадот „Македонија“ се интересираа, е дека овој настан не се случил. Ниту камион возел преку плоштадот „Македонија“, ниту пак пропаднал во фонтаната. 

Секој приод кон плоштадот „Македонија“ по последниот инцидент пред прославата за Нова Година кога пропадна комбе на странски државјанин во подземната фонтана, е забранет за возила и физички со поставени столбови е оневозможен.

Фонтаната на плоштадот „Македонија“ е оградена и обележана, и е оневозможен пристап за возила кои би можеле да поминат врз истата (фото во прилог од денешна ситуација).

Бараме сите медиуми кои го паднаа тестот за кредибилитет и објавија лажна вест без да ја проверат, да го објават овој демант и објаснување.

Фото: Принтскрин/Фејсбук 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПОВТОРНО БЛОКАДА НА ГРЧКИТЕ ГРАНИЦИ: Продолжуваат протестите на грчките земјоделци

ПОВТОРНО БЛОКАДА НА ГРЧКИТЕ ГРАНИЦИ: Продолжуваат протестите на грчките земјоделци

МВР: Нападот во „Инфомакс“ го направило лице кое претходно лежело во Психијатриската болница Бардовци

МВР: Нападот во „Инфомакс“ го направило лице кое претходно лежело во Психијатриската болница Бардовци

Уапсени словачки навивачи, се тепале во авион на скопскиот аеродром

Уапсени словачки навивачи, се тепале во авион на скопскиот аеродром

Синоќа повеќе институции извршиле контрола во „Зимзоленд“

Синоќа повеќе институции извршиле контрола во „Зимзоленд“

(ВИДЕО) Нападната екипата на „Инфомакс“ во живо, лицето удирало со чаши, и го нападнало новинарот Милошевски

(ВИДЕО) Нападната екипата на „Инфомакс“ во живо, лицето удирало со чаши, и го нападнало новинарот Милошевски

КАЗНИТЕ ЗА ВЛАДИНИТЕ ВОЗИЛА СТИГНУВААТ КАЈ ЛИЗИНГ КОМПАНИИ: Како ќе се справи „Сејф сити“ со оваа ситуација?

КАЗНИТЕ ЗА ВЛАДИНИТЕ ВОЗИЛА СТИГНУВААТ КАЈ ЛИЗИНГ КОМПАНИИ: Како ќе се справи „Сејф сити“ со оваа ситуација?

СО 14 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ ПОДНОВУВА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Ќе се набавуваат нови возила

СО 14 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ ПОДНОВУВА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Ќе се набавуваат нови возила

СУДЕЊЕ „ПУЛС“: Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија

СУДЕЊЕ „ПУЛС“: Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија

Андоновски: Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци, деталите ќе бидат јавно објавени

Андоновски: Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци, деталите ќе бидат јавно објавени