26 Јуни, 2024
0.0295

ПЛУС ЕДНА ПЛАТА - НАГРАДА ЗА ХРАБРИТЕ ВОЈНИЦИ - свечен пречек за хероите од АРМ

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Тука сме да си помагаме и ќе си помагаме затоа што нашето пријателсто трае со векови наназат, порача денеска претседателот Стево Пендаровски кој присуствуваше на настан во касарната „Илинден“ во Скопје во чест на припадниците на специјалните сили на Армијата на Македонија кои учествуваа во хуманитарната спасувачка операција по катастрофалниот земјотрес во Република Турција.

Армиски тим за заштита и спасување од Баталјонот за специјални сили го сочинуваат и водачи и кучиња обучени за трагање, кои беа ангажирани во Кахраманмараш. На настанот припадниците на Армијата споделија дел од своите искуства во извршувањето на задачите. 

Тимот беше ангажиран во пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеани лица. 

Својата подготвеност и пожртвуваност во давањето помош македонскиот армиски тим ја покажа и со успешната акција на извлекување на 5-годишно дете од под урнатините.

Претседателот Пендаровски им честиташе на армиските припадници за пожртвуваноста и покажаната професионалност и вложените надчовечки напори, истакнувајќи дека ангажманот на лице место беше во ранг на најпрофесионалните достигнувања што може да се очекуваат.

- Македонскиот народ, сите македонски граѓани и помогнаа на Турција и ќе и помагаат и во иднина во било каква ситуација не затоа што сме членка на НАТО и сме формални сојузници, туку затоа што нашето пријателство, пријателството меѓу нашите народи трае со векови наназад и ќе трае со векови нанапред, така што сакам да ги уверам сите турски граѓани преку нивниот амбасадор тука и преку јавноста дека сме помагале и ќе помагаме - рече претседателот Пендаровски.

За учеството во хуманитарната операција во Турција и жртвувањето, министерката за одбрана Славјанка Петровска најави дека тимот ќе биде награден со дополнителна исплата од една просечна плата.

Тимот на македонската армија кој учествуваше во хуманитарната операција во Турција и беше дел од извлекувањето на петгодишниот Сулејман од под урнатините.

 Дури и да се соочиме со резултатите од она што се случува во Турција - два страшни земјотреси, не се сомневаме или се сомневаме дека треба да одговориме на повикот за помош и поддршка, бидејќи Република Турција е наша пријателска земја со која бевме соработував изминатава година и секогаш ја имав нивната поддршка. Нашите молитви се со турскиот народ, ќе продолжиме да помагаме - рече Петровска.

За време на приемот, турскиот амбасадор во Северна Македонија, Хасан Мехмет Секижок, се заблагодари за помошта и истакна дека земјата заедно со претседателот, Владата, но и со сите релевантни институции ги мобилизира сите свои можности за испраќање помош во регионот. погодени од земјотресот.

За потсетување, припадниците на армискиот тим откако увиделе дека под урнатините се слушаат гласови, по шест часа расчистување на местото слушнале детски глас, по што заедно со турската екипа за пребарување и по четири часа максимален ангажман, успеал од под урнатините да го извлече петгодишниот Сулејман.

Можеби ќе ве интересира

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење