По 15 август Србија ќе воведе контрамерки кон Македонија поради пченицата
Објавено во: Агробизнис 08 Август, 2013 11:34
Српската влада ќе се преземат контрамерки за да се заштитат домашните призводители, ако до 15 август Македонија не ја укине одредбата за ограничување на увоз на пченица и брашно од Србија, вели Бојана Тодоровиќ помошник-министер за трговија за српскиот весник „Данас“
„Сите земји на ЦЕФТА донесоа став дека Македонија мора да ја укине мерката која е спротивна со договорот. На Скопје не му беше даден формален термин во кој уредбата треба да биде повлечена, но со оглед дека одлуката е донесена пред еден месец, се очекува Македонија да ја укине до 15 август. Ќе почекаме да видиме дали ќе дојде до тоа и дотогаш нема ништо да превземеме. Со оглед дека се работи за земјоделски производи, ресорното министерство е надлежно да одреди какви мерки треба да превземе по принципот на реципроцитет “ изјави Тодоровиќ.
Таа додава дека следејќи ги македонските медиуми не забележала дека барем засега Скопје се спрема да ја укине уредбата, како што било договорено. Тодоровиќ за српскиот весник објаснила дека во случај Македонија да не ја испочитува одликата за укинување на уредбата, Министерството за трговија повторно ќе го покрене тоа прашање пред ЦЕФТА.
Министерот за земјоделие Љупчо Димовски пак изјави дека конкретни датуми за повлекување на одлуката нема. „Министертвото и Владата ќе одлучат кога ќе се повлече одлуката во зависност од тоа кога ќе се стабилизира домашниот пазар. Кога ќе се оцени дека домашните производители ќе бидат доволно заштитени од српскиот увоз тогаш ќе се повлече и одлуката“, изјави пред извесно време Министерот Димовски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





