05 Декември, 2025
0.1752

По 20 години ново лиценцирање на нафтените компании во Македонија

Објавено во: Економија 10 Септември, 2025 10:33

Добивај вести на Viber

ТПретседателот на Регулаторната комисија за енергетика,Марко Бислимовски,информира дека е отпочната постапка за одземање лиценца на една нафтена компанија кај која Државниот пазарен инспекторат по вонреден инспекциски надзор констатира дека не се задоволени минимално-техничките услови за работа согласно Правилникот.

- Во овој момент работиме на лиценцирање на најголемите нафтени компании, кои по 20 години ги продолжуваат лиценците. Станува збор за комплексен процес, во кој се  неопходни заеднички активности на РКЕ и ДПИ – се со цел да се констатира фактичката состојба на терен и дали законските услови се исполнети, прецизира Бислимоски. 

Од ДПИ и РКЕ најавија дека во  периодот што следува фокусот ќе биде насочен  кон контролата на условите за работа на лиценцираните компании се со цел обезбедување непречено функционирање на енергетскиот пазар и заштита на потрошувачите. 

- Во изминатите осум месеци, Државниот пазарен инспекторат изврши над 80 надзори во трговијата на мало и трговијата на големо со нафтени деривати, а во однос на квалитетот на нафтените деривати на пазарот во Македонија, земени се над 150 примероци за лабораториска анализа за квалитетот на истите. Истовремено се издадени 16 решенија за привремена забрана за вршење дејност по однос на неверифицирани мерила, изјави директорот на ДПИ Влатко Стојкоски. 

Најави дека ДПИ во соработка со РКЕ, ќе го зголеми надзорот над трговците на големо со нафтени деривати и други енергенси во однос на исполнувањето на услови за вршење на трговија на големо, задолжителните резерви кои трговците имаат обврска да ги чуваат, трговијата преку склад и сл.

- Како Државен пазарен инспекторат најавуваме продолжување со строгите контроли и мерки за несовесните трговци во вршењето на трговија со нафтени деривати и други енергенси, потенцира Стојкоски. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата