Добивај вести на Viber
По 4 денари дивиденда за акција планира да исплати македонска компанија за производство на текстил „Тетекс.
Сепак крајната одлука за тоа ќе ја донесе акционерското собрание закажано за 10 април годинава, соопштува компанијата на македонската берза.
Вработените и пенизонерите од „Тетекс“ оваа година ќе добијат по 4 денари дивиденда за секоја акција или вкупно ќе поделат 8 милиони денари.
Оваа копмпанија годинава е македонски рекордер со најмала дивиденда по акција-1,1 отсто од последната просечна пазарна цена од 350 денари.