ПАЦИЕНТИ КОИ ГО ПОБЕДИЛЕ КОВИД: Агресивната терапија ни остави тешки последици
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2020
Дел од пациентите
кои веќе неколку месеци се излекувани од корона вирусот, сега имаат бројни здравствени
проблеми. Во разговор за Фактор велат дека имаат серозни потешкотии со црниот
дроб, покачен шеќер во крвта, а често чувствуваат и слабост во мускулите, па
дури и вртоглавици. Ова го кажуваат пациентите кои во ковид-центрите во
Македонија биле хоспитализирани со најтешка клиничка слика на корона вирусот,
кои во болница поминале повеќе од две, па дури и три недели.
-Се лекував цели 19 дена во болница од Ковид-19. Имав сатурација 50, 60. Навистина многу тешка клиничка слика. Освен што бев на кислородна поддршка (за среќа не бев на респиратор), секојдневно примав инфузии и голем број антибиотици. Многу јака антибиотска терапија обично лекарите ја даваа кај сите хоспитализирани пациенти и јас сум крајно благодарна што ми го спасија животот. Но, она што сакам да го кажам е дека дури по 3 месеци откако излегов од болница, се уште не можам да си го доведам организмот во ред. Имам тешки последици, и тоа се пред сè здравствени потешкотии со црниот дроб и енормно покачување на шеќерот. Знаете како велат, едно се лечи, друго се расипува. Не постои витамин што не го земам, но сега пијам и лекарства за репарација на црниот дроб и за контрола на шеќерот. Најважно е да се внимава во ова време на епидемија, особено сега кога ќе настапи и периодот на настинки и грипови. Велам, сите пациенти со тешка форма на ковид се третираат со крајно агресивна терапија, лекови, инфузија, што практично е борба на лекарита да ги спасат пациентите од најлошото, вели соговорничката на Фактор, која успешно се избори со болеста уште во јули, а истовремено ни испрати и фотографија на која се гледа колку витамини и лекарства мора да зема сега.
Замор во мускулите и изнемоштеност се уште чувствува и пациент кој од болница излегол кон крајот на август. За Фактор појаснува дека има чувство дека уште долго време ќе треба да помине за да се врати во нормала. Вели дека има постојана потреба од одмарање зошто секојдневно чувствува слабост, понекогаш главоболки, се заморува и по краткотрајно пешачење.
-Ја победив короната, несомнено. Последните резултати се во ред, но чувствувам една бура во организмот, како се да ми е поместено. Најмногу ме плаши постојаниот замор, не можам да испешачам повеќе од половина час. Се надевам дека витамините кои ги пијам ќе му дадат сила на организмот и ќе го зајакнам имунитетот. Во периодов што следи, навистина имам намера да се изолирам колку што можам повеќе, само до работа и назад, потенцира нашиот соговорник, кој е на возраст од 43 години.
За тоа како влијае терапијата за ковид која се дава на хоспитализираните пациенти Фактор пораговара со професор д-р. Бистра Ангеловска, претседател на Фармацевтската комора на Македонија. Таа вели дека е сосема разбирливо, колку се помоќни лекарствата, толку повеќе сè можни и потешки последици по организмот откако граѓаните ќе се излекуваат од корона вирусот.
-За ова веќе има и научни студии. Пациентите отпосле добиваат одредени здравствени појави. Инаку, терапевтскиот пристап се дизајнира во согласност со клиничката слика на пациентите болни од корона вирусот и секако во согласност со препораките од Светската здравствена организација. Би истакнала дека е многу важна претходната состојба на пациентот, дали имал претходни здравствени состојби, дали имал и други одредени заболувања кои претходно не биле детектирани. Најголемиот дел од коморбидитетиоте немаат никакви симптоми, заради што и самите пациенти не ни знаеле дека имаат на пример, дијабет. По терапијата примена за ковид и овие проблеми стануваат видливи. На лекарите во болниците кои лекуваат болни од корона вирусот, секако дека прво и најважно им е да им ги спасат животите на пациентите, вели во нашиот разговор професор д-р. Ангеловска.
И претходно Фактор шишуваше дека корона вирусот е крајно агресивно заболување кое остава долготрајни последици. Интернистите кои ги лекуваат пациентите од ковид велат дека потребни се години, сите антивирусни лекарства и антибиотици кои биле примени во текот на лекувањето организмот да ги исфрли организмот.
Освен црниот дроб, на силен удар желудникот и бубрезите, а дел од научните студии покажуваат дека самиот вирус остава фиорински наслаги во алвеолите, и тие не се во состојба да даваат природна вентилација кај човекот. Остануваат уништени дури 70 % од белите дробови кај пациентите кои преживеале.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.