По Брегзит британските фармери ќе се борат за пристап до европскиот пазар
Објавено во: Агробизнис 24 Јуни, 2016 13:48
Резултатите од референдумот одржан во Велика Британија покажаа дека повеќето жителите сакаат нивната земја да излезе од составот на Унијата.
Dairy Site ја објавува оценката на британските фармери по Брегзит.
Претседателот на Националниот сојуз на фармерите на Британија, Меуриг Рејмонд соопшти дека се ангажира заедно со британската влада да се потпишат нови договори за пристап на британските земјоделски производи до нови пазари, вклучувајќи го и европскиот пазар.
Исклучително важно е британското земјоделство да е рентабилно и да остане конкурентно, дополнува Рејмонд. Важно е да водиме политика на протекционизам, за да не дозволиме прилив на увоз, вели тој.
„Одлуката да се напушти Европската унија неизбежно ќе доведе до период на неизвесност за голем број прашања кои имаат витално значење за британските фремери„- додава тој.
Во најскоро време членовите на трговската унија ќе направат голем број средби за одредување на понатамошната стратегија за работа и за решавање на актуелните проблеми на секторот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





