По Брегзит – помалку јагоди и млеко за Британците?
Објавено во: Агробизнис, Свет 03 Август, 2016 15:22
Земјоделството во Велика Британија се потпира премногу на работници мигранти, чиј пристап до пазарот може да се намали по напуштањето на ЕУ.
Поради недостиг на работна сила во британското земјоделство, англиските семејни фарми објавуваат слободни позиции на сајтови на романски и бугарски јазик. По британското гласање во јуни за излез од Европската унија, постои ризик за земјоделскиот сектор дека ќе нема работници странци како досега.
Фармата Hugh Lowe Farms вработува работници од Централна и Источна Европа, за да произведува 28 тони јагоди секое лето и не е единствената која го прави тоа.
„Навистина сметаме на граѓани надвор од Велика Британија, главно од земји со повисоки нивоа на невработеност и пониски плати"- вели Николас Марстан од Berry Gardens.
Околу 55 000 фрамери не можат да најдат работници, а Националната земјоделска унија во јули испрати писмо до министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, за да изрази загриженост за оваа појава.
Земјоделците во областа на производството на овошје и млечни производи се најранливи, бидејќи се потпираат на сезонски работници, вели аналитичарот на Bloomberg Intelligence, Данкан Фокс. Ова е без да се смета недостигот од годишната помош од ЕУ кон британските фармери во износ од 3 милијарди фунти годишно.
Производството на овошје и зеленчук, е суштински дел од британското земјоделство. Тоа придонесе со 3,7 милијарди фунти за економија во 2014 година, надминувајќи го дури и производството на жито, покажуваат податоците.
Тешкотии има не само со наоѓање на нискоквалификувани работници, но и со професионалци со долгогодишно искуство и едукација во областа на земјоделството.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





