14 Декември, 2025
0.0480

ПО ЧЕТИРИ КИЛОГРАМИ ЈАБОЛКА ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК: Почна реализацијата на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2022 13:53

Добивај вести на Viber

Учениците од основните училишта во Општина Центар се први од вкупниот број ученици кои денеска ќе ги добијат јаболката во рамки на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“, што го спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од училиштето „Ј.Х.Песталоци„ до сите ученици е стигната информацијата дека јаболката се веќе пристигнати и дека денеска ќе бидат распределени, единствено што треба да направат е да си донесат платнени торби.

-На 1 декември во училиштето ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ беа дистрибуирани првите пакети јаболка за учениците, од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, активност што се спроведува во рамки на Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје. За секој ученик се предвидени по четири килограми јаболка од реколтата 2022 година, домашно производство. Нашето училиште ја поздравува оваа акција, пред сѐ затоа што ги поттикнува здравите навики на учениците да консумираат свежо овошје, со што се зајакнува нивниот имунитет и се подобрува физичката и менталната енергија, изјави за Фактор директорката на „Јохан Хајнрих Песталоци“, Катерина Атанасова.

И родителите имаат позитивни коментари во однос на овој проект, нагласувајќи дека овошјето и зеленчукот се исклучително важни за правилен раст и развој на нивните деца.

-За жал нашето население се храни многу нездраво, посебно младите, освен што многу малку спортуваат, исхраната им се состои во онаа брза храна, хамбургери, тостови, газирани пијалоци, се што нема никаква нутритивна вредност, и што е посебно штетна за младиот организам. Оваа активност е начин да се создадат здрави навики уште од најмала возраст и практично да им се „всади“ на децата дека овошјето мора да биде неизоставен дел од нивната исхрана, вели родителка на ученик од трето одделение.

Инаку, за реалзиација на Програмата се проектирани 20 милиони денари,(околу 323.000 евра) средства кои се веќе обезбедени со ребалансот на Буџетот.

Како што беше соопштено уште кога беше најавено сето ова, со Програмата се овозможува поддршка за откуп, дистрибуција и пакување јаболка од реколтата 2022, а целата откупена количина ќе треба да биде дистрибуирана до општинските и државните училишта најдоцна до 15 декември 2022. Со ова им се помага и на производителите на јаболка, а се обезбедува свежа и здрава ужина за сите ученици од основните училишта во Македонија.

Анита Буховски

ФОТО: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“

КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?