По Ден Дончев, и Христијан Мицкоски повикан во полициска станица
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2020
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО -ДПМНЕ, е повикан на информативен разговор во полициската станица во скопски Центар, објави Фокус.
Лидерот на најголемата опозициска партија е повикан од полицијата поради случајот со Државниот пазарен инспекторат, кога беше затекнат како седи во внатрешноста на една од кафеаните на Боемска улица во Скопје, по што настана метеж помежу вработените, инспекторите и полициските службеници.
Претходно владеачкиот СДСМ и нејзиниот претседател Зоран Заев побараа од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев да го повика Мицкоски на разговор по објавените нови „бомби“ во јавноста како што бил повикан поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.