06 Декември, 2025
0.0490

ПО ФРАНЦУСКОТО ВЕТО ЗА МАКЕДОНИЈА: Дали српските граѓани ќе се обесхрабрат?

Објавено во: Македонија, Балкан 22 Октомври, 2019 18:59

Добивај вести на Viber

Српскиот весник „Данас“ во анализата за влијанието на француската блокада на Северна Македонија, врз проевропските сили во Србија, констатира дека стопирањето на напредокот на Северна Македонија и Албанија во европските интеграции може да биде обесхрабрувачки за српските граѓани. 

Сепак, тоа но не би смеело да биде и за проевропските политичари во Србија, пишува весникот.

Во оваа ситуација потребно е редефинирање на односите со администрацијата во Брисел и политичките чинители, но ЕУ не смее да престане да биде централна тема на определба на Србија, оценија соговорниците на Данас.

Професорот на Филозовскиот факултет во Белград и основач на новиот политички клуб „Глас“, Никола Самарџиќ, оцени дека ЕУ не смее да престане да биде централна тема на определбата на Србија.

„Одлуката на ЕУ да не одреди датум за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија ги враќа Северна Македонија и Србија во зоната на руско влијание, додека Црна Гора и Албанија се релативно стабилни благодарение на членството во НАТО. Кои пораки ќе ги испратиме до гласачите во Србија и Северна Македонија, во овој момент, би помислил на тоа дека борбата за Европа е борба за самите нас, за уредена заедница на владеење на правото и дека можеби повеќе од кога и да е сме упатени едни на други“, вели тој. 

Самарџиќ во анализата на Данас испраќа и лична порака до премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, дека му е на располагање бидејќи секоја политичка борба која води кон европска и на интеграција на соседите, е борба на сите нас за сите нас заедно.

Читајте уште

АНАЛИЗА НА ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС: Ако се промени власта следат „црни“ денови во Македонија

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција

Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција

Продолжува „Фејсбук војната“ на експремиерите - Груевски до Заев: „Доста си се чукао и ударао у градима нашима“

Продолжува „Фејсбук војната“ на експремиерите - Груевски до Заев: „Доста си се чукао и ударао у градима нашима“

Ќе има ли мигранти во Македонија: „Тајмс“ шпекулира, СДСМ реагира, ВМРО-ДПМНЕ негира

Ќе има ли мигранти во Македонија: „Тајмс“ шпекулира, СДСМ реагира, ВМРО-ДПМНЕ негира

Локални дождови ќе направат хаос на патиштата – подгответе се

Локални дождови ќе направат хаос на патиштата – подгответе се

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени