25 Ноември, 2024
0.0361

По година исполнета со предизвици, во 2024-та година се очекува нормализирање на работењето на Групација Триглав

Објавено во: Македонија 07 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Резултатите во 2023-та година под негативно влијание  на еднократни настани

Според неревидираните податоци, Групацијата Триглав во 2023-та година го зголеми вкупниот обем на деловно работење за 12 проценти, на 1.780,2 милиони евра и оствари добивка пред оданочување од 21,1 милион евра. Заработката е во согласност со средногодишната проценка, објавена од страна на Групацијата поради еднократни настани, особено регулираната цена на дополнителното здравствено осигурување во Словенија и рекордно високите штети од природни катастрофи, чие што влијание врз работењето на Групацијата беше ограничено преку адекватна заштита со реосигурување. Поради овие околности и инфлаторните притисоци, кои што влијаат врз штетите и трошоците, комбинираниот количник за сегментите на неживотно и здравствено осигурување се зголеми на 101,6%. Групацијата Триглав ја задржа финансиската сила и стабилност, што беше потврдено со реафирмираниот висок кредитен рејтинг „А“ со стабилна среднорочна прогноза. Групацијата конзистентно ги спроведуваше стратешките развојни активности и ги постигна своите одржливи амбиции. Во 2024-та година, Групацијата предвидува нормализирање на деловните услови и планира вкупен обем на деловна активност (земајќи го предвид влијанието на укинувањето на дополнителното здравствено осигурување во Словенија) од околу 1,6 милијарди евра, добивка пред оданочување од 100-120 милиони евра и комбиниран количник во сегментите Неживот и Здравје од околу 95%.

Перформансите во 2023-та година и плановите за 2024-та година

Во 2023-та година, Групацијата Триглав го зголеми вкупниот обем на деловно работење  на 1.780,2 милиони евра (индекс 112) преку активно спроведување на стратешките насоки. Поволните услови на финансиските пазари ѝ овозможија на Групацијата да постигне добар инвестициски резултат, позитивни други сеопфатни приходи и успешно управување со средствата. Во осигурителната дејност, Групацијата постигна добар резултат во сегментите наживотно и пензиско осигурување; На резултатите во сегментите Неживот и Здравје значително влијание имаа еднократни настани. Ова резултираше со повисок коефициент на загуба и, следствено, комбиниран количникво овиедва сегменти од 101,6% (2022: 99,7%). Заработката на Групацијата пред оданочување изнесуваше 21,1 милиони евра, а нето добивката 16,3 милиони евра.

Андреј Слапар, претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, изјави:„Минатата година беше исполнета со предизвици. Природните катастрофи резултираа со зголемена потреба за поддршка за нашите осигуреници и од деловна перспектива, предизвикаа историски високи загуби за Групацијата. Покрај горенаведените фактори и инфлацијата на штети,  значително влијание врз нашите резултати имаше и владиното регулирање на цената на доброволното здравствено осигурување во Словенија. Оваа година, веќе не го нудиме тоа осигурување, но ќе продолжиме да развиваме и продаваме дополнително здравствено осигурување на пазарите во регионот Адриа, бидејќи веруваме дека има значителен долгорочен потенцијал. Врз основа на променетите деловни услови, објавивме средногодишна проценка за планираната годишна заработка за годината и постигнатиот резултат е во согласност со оваа проценка. Во текот на минатата година ја демонстриравме нашата флексибилност и издржливост, кои се поткрепени со нашиот робустен деловен модел. Ја задржавме нашата финансиска сила и водечката пазарна позиција во регионот, истовремено зголемувајќи го обемот на нашето работење и работејќи со профит.“

Во 2024-та година, Групацијата очекува нормализирање на деловните услови и работење во согласност со планираната стратегија. Според ова, вкупниот обем на деловно работење на Групацијата е планиран на околу 1,6 милијарди евра, заработката пред оданочување од 100–120 милиони евра и комбиниран количник во сегментите Неживот и Здравје од околу 95%.

Финансиски резултати во 2023-та година

Групацијата Триглав е капитално силна, финансиски стабилна и соодветно ликвидна. Според неревидирани податоци, вкупниот биланс на состојба на 31-ви декември, 2023-та година изнесува 4.099,0 милиони евра (индекс 108), а вкупниот капитал изнесува 891,1 милиони евра (индекс 99). При ниски остварени нето приходи по оданочување, нето профитабилноста на капиталот изнесува 1,8 отсто (претходната година -0,7 проценти, пресметка споредМСФИ 17).

Вкупниот деловен обем на Групацијата порасна за 12%, на 1.780,2 милиони евра, при што истата стапка на раст беше забележана кај бруто полисираната премија, која сочинуваше 93% од вкупниот деловен обем. На словенечкиот пазар, каде што се обезбедуваат 63% од осигурителната премија на Групацијата, растот на премијата изнесуваше 9%, во согласност со пазарните трендови. На останатите пазари од регионот Адриа, порастот бележи 7%, додека на меѓународниот пазар, каде Групацијата работи главно на принципот на слободен проток на услуги и со активни реосигурителни операции, растот достигна 28%.

Според неревидираните податоци, добивката на Групацијата пред оданочување во 2023-та година изнесува 21,1 милиони евра (2022 –10,0 милиони евра според МСФИ17), подетално:

·  Деловниот резултат во осигурување изнесува -9,4 милиони евра (2022 година - 12,6 милиони евра според МСФИ17). Групацијата оствари добар резултат од 16,7 милиони евра во сегментот животно и пензиско осигурување, во сегментотНеживот 0,8 милиони евра, а во  сегментотЗдравје -26,8 милиони евра. Приходите од осигурување се зголемени за 12% на 1.351,2 милиони евра, остварените штети за 33% на 1.021,2 милиони евра и расходите за 12% на 363,0 милиони евра.

Урош Иванц, член на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, објасни: „Поради зголемениот обем и интензитет на штетите и регулирањето на цените на дополнителнотоздравствено осигурување, во 2023-та година бележиме низок резултат од осигурителниот дел во сегментот Имот и загуба во сегментот Здравство. Инфлаторните притисоци опстојуваа втора година по ред, што значително влијаеше врз нашите трошоци и штети. На овие притисоци одговоривме со спроведување мерки во процесот на решавање на штети, со доследна рационализација на трошоците и прилагодување на ценовната политика на инфлацијата. Последното веќе делумно се одрази со зголемувањето на приходите од осигурителните услуги, но целосното влијание се очекува да се одрази во идните финансиски периоди.

·  Поддржан од поволниот тренд на финансиските пазари и имплементацијата на наведената инвестициска политика на Групацијата, нето-инвестицискиот резултат изнесува 22,0 милиони евра (2022: –14,3 милиони евра според МСФИ 9 и МСФИ17).

Стапката на поврат на инвестициите на Групацијата (без вложувањата во корист на клиентите кои го преземаат ризикот од инвестирање) изнесувашњ 1,8% во 2023-та година, додека минатата година -0,4%.

·  Резултатот од управувањето со средства и другите неосигурителни дејности достигна 8,4 милиони евра, поради добриот резултат во доменто на управување со средства.Претходната година резултатот изнесуваше 16,9 милиони евра (според МСФИ 17) како последица на еднократни настани.

Минатогодишното работење беше значително погодено од природни катастрофи, кои што нанесоа огромна штета на Групацијата во проценет бруто износ од 212 милиони евра. Според проценките на Групацијата, невремето со град и ветер во Словенија нанесе бруто штети на Групацијата од 86 милиони евра, додека невремето и поплавите во август предизвикаа бруто штети од 77 милиони евра. Поголемиот дел од другите пазари на Групацијата исто така беа погодени од природни катастрофи, со најголеми штети забележани во Хрватска (14 милиони евра) и Србија (8 милиони евра). Проценетите масовни штети од реосигурување изнесуваат 27 милиони евра.

Останатите сеопфатни приходина Групацијата изнесуваат 34,7 милиони евра, додека во претходната година беа негативни и изнесуваа -50,9 милиони евра. Урош Иванц, член на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, додаде:„На минатогодишната позитивна сеопфатна добивканајмногу влијаеја поволните услови на финансиските пазари и спроведувањето на инвестициска политика, насочена кон обезбедување пократок просечен рок на доспевање на должничките инвестиции од обврските. Поради ова, позитивната промена на вредноста на должничкото портфолио наГрупацијата ја надмина промената на вредноста на обврските на Групацијата.“

Во согласност со инвестициските политики, конзервативната структура и квалитетот на инвестициското портфолио на Групацијата, чија вкупна вредност порасна за 4% на 3.398,5 милиони евра, останаа главно непроменети. Најголемо учество, (54,7%) од вкупното инвестициско портфолио, имаат обврзниците на развиените пазари, од кои повеќето имаат висок кредитен рејтинг. Тие сочинуваат 84,3% од портфолиото, исклучувајќи ги вложувањата во корист на клиентите на животно осигурување, кои го преземаат ризикот од вложување и финансиски инвестиции од финансиски договори. Минатата година, на вредноста на портфолиото на обврзници и акции влијаеја состојбите на финансиските пазари, диверзификацијата на инвестициите и делумната оптимизација на адекватноста на капиталот на Групацијата. Инвестициите во корист на осигурениците кои го преземаат инвестицискиот ризик (вредност 540,9 милиони евра, индекс 115) главно се состојат од средства вложени во заеднички фондови по избор на осигуреникот, во фондови со кои што управува Триглав Склади. Поттикнати од нето-приливите и поволните пазарни услови, обемот на средства под управување се зголеми за 22% на 1,7 милијарди евра. Со пазарен удел од 31%, Групацијата е еден од водечките менаџери на средства на инвестициските фондови во Словенија.

На крајот на 2023-та година, инвестициите на Групацијата воодржливи вложувања со фиксни приходи изнесуваа 262,5 милиони евра, што претставува зголемување за 18% на годишно ниво. Нивното учество во вкупното портфолио на обврзници се зголеми на 11,1%, надминувајќи ја поставената стратешка цел. Дополнително, Групацијата ја реализираше својата цел да нема никакви инвестиции од издавачи, во кои најмалку 20% од производството на електрична енергија или приходот произлегува од јаглен (Coal Exit List).

Перформанси по сегменти во 2023-та година

Сегмент Неживот: Вкупниот деловен обем на сегментот изнесува 1.237,1 милиони евра (индекс 116), а приходите од осигурување 1.056,2 милиони евра (индекс 114). Поради зголемениот обем на штети од природни катастрофи и инфлаторните притисоци, акумулираните штети се зголемија за 41% на 779,7 милиони евра, додека трошоците за аквизицијаи административните трошоци, вклучувајќи ги неприпишаните трошоци, пораснаа за 14% на 293,6 милиони евра. Комбинираниот количник во сегментотНеживот изнесуваше 99,4%. Заработката на сегментот пред добивка од 11,6 милиони евра беше генерирана главно од инвестициски активности (10,9 милиони евра) и во помала мера од активности на осигурување (0,8 милиони евра).

Сегмент Живот и пензии: Вкупниот деловен обем на сегментот се зголеми за 8% на 290,2 милиони евра. Профитабилноста на новите бизниси порасна за 3,2 процентни поени на 14,6%, а маржата на договорени услуги се зголеми за 30% на 221,7 милиони евра. Заработката на сегментот пред оданочување изнесува 28,1 милиони евра, од кои 16,7 милиони евра се од инвестициски активности, а 11,4 милиони евра од осигурителни активности.

Сегмент Здравје: Вкупниот деловен обем на овој сегмент изнесува 206,7 милиони евра (индекс 101), при што премијата за комплементарно осигурување бележи висок раст од 38%, а премијата за дополнително здравствено осигурување бележи пад од 1%. Остварените штети се зголемија за 17% на 215,9 милиони евра, додека комбинираниот количник на сегментот Здравје се влоши за 12,8 процентни поени на годишно ниво на 112,9%. Овој сегмент бележи негативен резултат пред оданочување од -29,8 милиони евра.

Осигурителните компании кои обезбедуваат дополнително здравствено осигурување како дел од словенечкиот јавен здравствен систем (вклучувајќи ја и Групацијата Триглав) добија можност, со измена на уредбата на Владата на Република Словенија, усвоена на крајот од минатата година, да добијат одреден надоместок поради регулирањето на цените на дополнителнотоздравствено осигурување, воведено во април минатата година. Групацијата, како и секогаш, ќе дејствува во најдобар интерес на своите осигуреници, акционери и останати засегнати страни.

Управување со средства и други неосигурителни работи: Вкупниот деловен обем на неосигурителните друштва на Групацијата изнесува 46,2 милиони евра (индекс 92), а падот на годишно ниво се должи на остварените еднократни добивки од продажба на инвестициски имот во 2022-ра година. Приходите од инвестициски фондови и услугите со дискрециони овластувања се зголемија за 6% на годишно ниво на 32,7 милиони евра. Вкупната добивка на сегментот пред оданочување минатата година се зголеми за 8% до 11,1 милиони евра, од кои 2,7 милиони евра беа генерирани од инвестициски активности (2022: -6,6 милиони евра) и 8,4 милиони евра од активностите на неосигурителните компании на Групацијата (2022: 16,9 милиони евра).

Имплементација на политиката за дивиденди

Заваровалница Триглав, матичната компанија на Групацијата Триглав, настојува своите акции да ги направи профитабилна, сигурна и стабилна инвестиција за инвеститорите. Нејзината политика за дивиденди е дизајнирана на начин што е привлечен за акционерите и во исто време одржлива за финансиската стабилност, раст и развој на Групацијата. Во согласност со политиката за дивиденди, учеството на консолидираната нето добивка од претходната година наменета за исплата на дивиденди изнесува најмалку 50%, имајќи предвид дека спроведувањето на политиката за дивиденди е подредено на постигнувањето на среднорочна одржлива целна стапка на адекватност на капиталот на ниво на групација.

Во 2023-та година, Групацијата ја спроведе својата политика за дивиденди како што беше планирано - на акционерите им беа распределени дивиденди во износ еквивалентен на 51% од консолидираната нето-добивка за 2022-ра година (известена според тогашните ефективни сметководствени стандарди), поточно, 2,50 евра бруто по акција. Вкупниот принос на акцијата беше 8%, со дивиденден принос од 7%.

Имплементација на стратегијата на Групацијата Триглав

Андреј Слапар, претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, рече: „Остануваме посветени на нашата мисија за создавање побезбедна иднина за нашите клиенти, вработени, акционери и други засегнати страни. Клиентите ги препознаваат нашите напори и, како што може да се забележи одмерењата наNPS, нивното задоволството е на високо ниво.  Особено сме горди на тоа оваа година, која што беше исполнета со предизвици поради значителното зголемување на обемот на штети како резултат на екстремните временски непогоди и прилагодувањата на премијата кон инфлацијата на штети.

Истовремено, свесни сме дека нашиот успех зависи од посветеноста на нашите вработени, поради што се стремиме да негуваме чувство на посветеност, единство и лојалност. Во име на Управниот одбор, би сакал да изразам благодарност до сите наши вработени за нивната непоколеблива посветеност“.

Групацијата ја следи својата главна стратешка цел - извонредно и униформно искуство на клиентите низ сите канали, сите процеси, сите производи и компании. Трансформацијата на Групацијата се заснова на униформното управување со искуството на корисниците и дигиталното работење. Минатата година, опсегот на производи и услуги на Групацијата продолжи да се проширува и надградува за подобро да им служи на своите клиенти и да се прилагодува на специфичните карактеристики на секој пазар на Групацијата. Процесите и каналите за комуникација со клиентите беа подобрени, продажната мрежа беше реорганизирана и беа спроведени бројни активности во процесот на дигитализација низ Групацијата постигнувањето на пофлексибилна организациска структура.

Во обете стратешки активности, Групацијата продолжи да ги исполнува своите стратешки амбиции за одржливост и да ја поддржува транзицијата кон климатско неутрална и климатски отпорна економија. Со почитување на високите стандарди за корпоративно управување, Групацијата се стреми да негува култура на различност, еднаквост и вклученост. Групацијата има долгогодишна посветеност на заедницата; минатата година, заедно со разни партнери, продолжи да придонесува во голем број општествено и еколошки одговорни проекти.

Клучни податоци за работењето на Групацијата Триглав во 2023 година (неревидирани податоци)

во милиони евра

2023

2022

Индекс

Вкупен деловен обем

1,780.2

1,549.3

112

Бруто полисирана премија (1)

1,653.7

1,479.6

112

Други приходи (2)

126.5

114.8

110

Вкупни приходи

1,425.2

1,273.9

112

Резултат од работењето во осигурување (1)

-9.4

-12.6

Приходи од осигурување

1,351.2

1,206.6

112

Настанати штети

1,021.2

767.7

133

Трошоци за прибава и административни трошоци вкл. неприпишани трошоци

363

325.1

112

Нето резултат од реосигурителни услуги

31.6

-104.5

Нето останати приходи од осигурување/расходи од осигурителните услуги

-7.9

-21.9

Нето инвестициски резултат (2)

22

-14.3

Инвестициски резултат

83.6

-88.6

Финансиски резултат од договори за осигурување

-69.7

82.2

Промена во одредбите за непостигнување на гарантираниот принос на SVPI

8.1

-9.8

Поврзани добивки/загуби од инвестиции во поврзани друштва

0

1.8

Резултат од неосигурително работење (3)

8.4

16.9

50

Заработка пред оданочување (1+2+3)

21.1

-10

Нето добивка

16.3

-7

Други сеопфатни приходи

34.7

-50.9

2023

2022

Комбиниран количник

101.6%

99.7%

Штетен количник

76.3%

74.6%

Расходен количник

25.3%

25.1%

Нова деловна маржа на животно и пензиско осигурување

14.6%

11.4%

Принос на капитал

1.8%

-0.7%

Принос од инвестиции

1.8%

-0.4%

31/12/2023

31/12/2024

Индекс

Вкупен биланс на состојба

4,099.0

3,802.3

108

Капитал

891.1

897

99

Маржа на договорна услуга

238.4

186.4

128

Средства под управување

4,851.1

4,379.8

111

Број на вработени

5,318

5,306

100

Презентацијата за инвеститорите за неревидираните резултати на Групацијата Триглав за 2023-та година е достапна на веб-странатаhttps://www.triglav.eu/en/investors/actual/financial-reports.

Појаснување во однос на методолошкиот пристап (МСФИ 17): Во 2023-та година Друштвото премина кон користење на сметководствените стандарди МСФИ 9 и МСФИ 17, што се рефлектира и во промената во пресметката на некои показатели за деловните перформанси за 2023-та година. Во известувањата се прикажани податоци во согласност со новите стандарди и за претходната година. Со преминот конМСФИ 17, на резултатот влијае, меѓу другото, методот на признавање на договорите за осигурување, износот на прилагодување на ризикот со влијание врз штетните договори, износот на резервите за штети од природни катастрофи и пристапот што се користи затрошоците за ликвидација на штети.Категориите го прикажуваат вкупниот обем на деловно работење и пресметаната бруто премија од осигурување, како што е дефинирано според МСФИ 4.Ефектите од преминот кон употребата на новите стандарди ќе бидат подетално објаснети во годишниот извештај на Групацијата Триглав и матичната компанија за 2023-та година. Согласно финансискиот календар, објавувањето на Годишниот извештај за 2023-та година на Групација Триглав и матичната компанија е закажано за петок, 29-ти март, 2024-та година.

Групација Триглав

Со своето знаење, искуство и финансиска моќ, Групацијата Триглав ја оправдува довербата на своите клиенти и другите засегнати страни повеќе од 120 години. Нејзината мисија е да создаде побезбедна иднина. Групацијата Триглав е најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа и е една од лидерите во Југоисточна Европа, која работи во шест земји, на седум пазари и пошироко на меѓународно ниво преку партнерства со компании за посредување, застапување и реосигурување. Клучните столбови на нејзиниот бизнис се осигурувањето и управувањето со имотот. Вработува над 5.200 луѓе. Групацијата Триглав одржува солидна финансиска стабилност, висока адекватност на капиталот и деловна профитабилност, што е потврдено со високиот кредитен рејтинг „А“ од две признати кредитни агенции. Главните вредности на компанијата се одговорност, едноставност и доверливост. Нејзината визија е да го постави стандардот за извонредно корисничко искуство - во секое време, каде било. Преку својата одрлива деловна ориентација. Групацијата продолжува да обезбедува развојно ориентирана средина за своите вработени, да ги одржува врските со своите партнери и да биде стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите.

[1] Информациите се засноваат врз неревидирани податоци за работењето на Групација Триглав во 2023 година. Податоците за 2023 година, заедно со споредбата од година во година, се прикажани во согласност со МСФИ 17. Изразените индекси или нумерички споредби ја покажуваат споредбата во однос на 2022 година.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик