По малиот политички театар голема собраниска агенда
Објавено во: Македонија 12 Април, 2018 07:32
Опозицијата и мнозинството вчера во Собранието на Република Македонија го одиграа малиот политички театар наречен интерпелација на Влада кој помина без поддршка од пратениците кои сепак, одбраа да не изгласаат недоверба на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Секако, опозицијата имаше отворена можност во речиси целодневна расправа да ги укаже сите слабости на новата власт, да ги истакне направените грешки во изминатите десет години и да даде аргументи зошто некои политики не се квалитетни.
Колку успеа во тоа треба да се види во расположението на поддржувачите кои на крајот од денот треба да кажат дали се убедени или не во овие критики и забелешки. Сега, по завршената процедура за интерпелација, опозицијата ќе мора да го испочитува даденото ветување за учество во политичкиот процес, и преку демократски средства својата „битка“ да ја продолжи во Собранието на Република Македонија.
Токму денес, на првиот ден по интерпелацијата, закажана е голема собраниска агенда со одржување на седници на повеќе комиси, како и во пленарната сала. Денес се предвидени вкупно 12 активности на македонските парламентарци, од кои продолженија на четири пленарни седници, една посета на делегација на германскиот Бундестаг, Конвенција на ЕУ во Република Македонија, и шест седници на собраниските комисии.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




