27 Ноември, 2024
0.0280

По најмалку 40 хоспитализации дневно само од ковид: Во борбата со вирусот се вклучуваат приватните интернисти и специјализантите

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Најмалку 10 проценти од новозаразените граѓани со корона вирусот завршуваат во болница, бидејќи нивната здравствена состојба задолжително бара болничко лекување. Земјава се соочува со експоненцијален раст на епидемиолошката крива, поради што здравствените власти изминативе 10 дена се во целосна мобилизација на болниците и на кадарот. Но, и самите лекари велат дека не знаат колку долго ќе можат да го поднесат секојдневниот товар на навала на пациенти од една страна, и недостаок на болнички кревети, но и кадар од друга страна.

Последната проценка на претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р. Жарко Караџовски беше дека македонскиот здравствен систем може да згрижи околу 1.000 пациенти болни од корона вирусот, се што ќе биде повеќе, ќе претставува сериозен предизвик за земјава. Во моментов во болниците и во Скопје, и воопшто на територијата на цела држава се хоспитализирани точно 888, пациенти, што е повеќе за 44 во споредба со претходниот ден и што значи дека овој број забрзано се движи до горната проектирана граница.

Во меѓувреме, на испомош се вратија во матичните установи специјализантите, за кои дел од директорите со кои поразговара Фактор, велат дека се од огромно значење, а нивната помош во борбата против Ковид-19 е бесценета.

-Во Општата болница во Кавадарци ни се вратија седум специјализанти, односно анестезиолози, интернисти, хирурзи. Оваа нивна помош ни е од огромно значење. Веднаш ги направивме распоредите за дежурства и тие активно ќе бидат вклучени во лекувањето на пациентите кои се хоспитализирани во нашата болница. Сиот овој изминат период правевме големи реорганизации во рамки на самата болница за да може успешно да функционира ковид-центарот. Тука сега се сместени 39 пациенти, а капацитетот е 40. Можеме да доставиме уште 10 болнички кревети, но тоа е максималниот број кој можеме да го издржиме. Се работи деноноќно, засега се уште добро ни функционира системот на ротации на лекарите, и искрено се надеваме дека со овој есенски и зимски налет на вирусот успешно ќе се справиме, изјави за Фактор, д-р. Диме Коцев, директор на Општата болница во Кавадарци.

Тој вели дека кај нив хоспитализираат пациенти со средно тешка форма на болеста, додека потешките пациенти ги трансферираат во Скопје.

-Има пацинти од сите возрасти, од млади 20-30 годишни, до највозрасни. Гледаме дека болеста навистина не бира, никој не може да каже „јас нема да се разболам“. Во Тиквешијата епидемиолошката слика е навистина сериозна, па дури сега граѓаните малку повеќе се подисплашија и можам да речам дека почнаа да ги почитуваат мерките. Претходниот период беше вистински хаос, недисциплина, непослушност и неверување дека болеста воопшто постои, посочува д-р. Коцев.

Истовремено, во лекувањето на хоспитализираните пациенти ќе се вклучат и дел од приватните интернисти, но иако се очекуваше дека ќе бидат повеќе кои ќе го прифатат предизвикот, од вкупно 56 приватни интернисти, само 9 се пријавиле на списокот. Претседателот на Здружението на Интернисти, д-р. Александар Манолев, за Фактор изјави уште пред да го одржат состанокот со министерот за здравство, Венко Филипче дека најголемиот број од интернистите нема да си дозволат да ги остават нивните пациенти, заради што и очекуван е нивниот мал одѕив.

-Се пријавија само 9 интернисти кои ќе бидат вклучени во работата со пациенти болни од ковид во државните болници. Списокот со нивните имиња е доставен уште во понеделникот, а во моментов чекаат да добијат одговор од Министерството за здравство каде ќе бидат распоредени, изјави д-р. Манолев за Фактор.

Последната вчерашна статистика покажа дека од вкупниот број тестирани, дури 38 отсто се позитивни на Ковид-19. Прогнозите се дека овој процент и натаму ќе бележи раст.

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава