24 Јуни, 2024
0.0269

По нападот во Охрид, од Бугарија стигна протестна нота, но и повици за вето за Македонија

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Бугарското Mинистерство  за надворешни работи (МНР), со протестна нота реагира до македонските власти откако Христијан Пендиков од Охрид, секретар на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ е претепан. Бугарското МНР најави дека македонскиот амбасадор во Софија ќе биде повикан и ќе му биде врачена протестна нота.

Велат дека властите во Македонија мораат да преземат итни и ефективни мерки за борба против злосторствата од омраза врз Бугарите.

„Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, остварил телефонски разговор со својот колега од Република Северна Македонија, Бујар Османи, од кого добил уверување за потребната помош од локалните власти. Привремениот раководител на Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола и екипа од бугарската амбасада во Скопје се во контакт со повредениот државјанин и се испратени во Охрид. За жал, нападот од 19 јануари 2023 година е еклатантен пример за тешките последици од системското отсуство на адекватен одговор и посветеност од страна на Северна Македонија, вклучително и неможноста да ја исполни својата главна обврска – да ја гарантира безбедноста на сопствените граѓани“, стои  во реакцијата.

Османи го осуди нападот. Велат дека нема оправдување за такво нешто. Бугарскиот претседател Румен Радев, но и националистите од редовите на ВМРО-БНД, како и лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов,  повикаа на ново вето за членството на Северна Македонија во ЕУ.

Бугарија е спремна да организира воздушна евакуација на Христијан Пендиков и да обезбеди негово лекување.

Трифонов вели дека само во Македонија тепаат човек затоа што е Бугарин. 

Виктор Стојанов, Бугарин кој е основач на Фондацијата Македонија повика полицијата да ги уапси тројцата напаѓачи. 

фото БГНЕС

Можеби ќе ве интересира

ШОКАРОВСКИ ВРАТЕН НА ДИРЕКТОРСКОТО СТОЛЧЕ НА КАРДИОЛОГИЈА: Беше разрешен за време на изборна кампања

ШОКАРОВСКИ ВРАТЕН НА ДИРЕКТОРСКОТО СТОЛЧЕ НА КАРДИОЛОГИЈА: Беше разрешен за време на изборна кампања

Таравари по втор пат ќе ја гради Клиниката во Штип: Ништо не е сменето од 2017

Таравари по втор пат ќе ја гради Клиниката во Штип: Ништо не е сменето од 2017

ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Прва работа како министер на Таравари ќе биде нивно разрешување

ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Прва работа како министер на Таравари ќе биде нивно разрешување

ОРЦЕ ЈА СРЕДИ КИСЕЛА ВОДА, ПА ЗАМИНА ВО ЈЕГУНОВЦЕ: „Веднаш организирав машини за испумпување на водата и тргнав кон Јегуновце“

ОРЦЕ ЈА СРЕДИ КИСЕЛА ВОДА, ПА ЗАМИНА ВО ЈЕГУНОВЦЕ: „Веднаш организирав машини за испумпување на водата и тргнав кон Јегуновце“

Претседателот на Уставен суд пријави закани кон колеги

Претседателот на Уставен суд пријави закани кон колеги

КОЈ Е ПРВИОТ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ЌЕ ГО ВОДИ МВР? Тошковски ја презема функцијата министер за внатрешни работи

КОЈ Е ПРВИОТ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ЌЕ ГО ВОДИ МВР? Тошковски ја презема функцијата министер за внатрешни работи

ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НОВО НЕВРЕМЕ? Еве што велат синоптичарите

ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НОВО НЕВРЕМЕ? Еве што велат синоптичарите

Нелоски и Јанушев го пречекале Мицкоски пред Владата

Нелоски и Јанушев го пречекале Мицкоски пред Владата

НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И РУДАРСТВО, ОСВЕН МАКЕДОНСКО ИМА И ЧЕШКО ДРЖАВЈАНСТВО: Еве која е Сања Божиновска

НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И РУДАРСТВО, ОСВЕН МАКЕДОНСКО ИМА И ЧЕШКО ДРЖАВЈАНСТВО: Еве која е Сања Божиновска