По невремето дали Македонците ги откажуваат аранжманите за Халкидики?
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019 06:46
Од повеќето туристички агенции велат дека македонските граѓани не ги откажуваат аранжманите за летување на Халкидики, иако минатата недела имаше невреме.
Велат дека дел од клиентите прашуваат дали состојбата е нормализирана, но не го откажуваат одморот. Тие смируваат дека Грците брзо реагирале и ги санирале штетите.
„Нема откажување на аранжмани за Халкидики, иако луѓето прашуваат. Но, ние сме ги провериле сместувачките капацитети, сѐ е во ред и луѓето можат да заминат на одмор спокојно“, велат од штипска туристичка агенција.
Од скопска туристичка агенција додаваат дека за 24 часа местата кои беа погодени од невреме се нормализираа.
„Грците беа брзи, брзо реагираа и утредента по невремето хотелите добија вода, струја, а невремето се случило во рок од само еден час. Наредот од невремето е расчистен, сепак е сезона и луѓето не откажуваат. Заминаа тури во четврток, петок, сабота и кажуваат дека состојбата е нормализирана, нема никакви проблеми“, додаваат од оваа агенција.
Од кавадаречка туристичка агенција велат дека проблеми имало само еден ден, но сега состојбата во Грција е стабилна, и луѓето можат да се упатат на море без грижи.
Грција деновиве ја погоди невреме, потоа имаше земјотрес, но и поплави.
Во невремето загинаа 7 лица, меѓу кои имаше и туристи. Грчките власти евакуираа десетици граѓани од поплавените куќи во западниот дел на земјата.
Повеќе од 3.500 молњи деновиве се регистрирани низ цела Грција. Невремето „Адиносос“ коешто ја зафати земјата се очекува да продолжи до среда. Органите за заштиа и спасување го проследија предупредувањето од метеоролозите дека бурата што доаѓа се очекува да биде проследена со силен ветер, обилен дожд и грмежи.
Од 2000 година 182 лица загинале во оваа балканска држава поради поплави, силен ветер и молњи, покажуваат статистичките податоци.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




