12 Октомври, 2024
0.0383

ПО ОБИДОТ ЗА СИЛУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Какви мерки ќе преземе полицијата?

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца првооделенци од училиштето „Димитар поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров, се обиделе да силуваат свој соученик.

Тошковски вели зголемувањето на видео-надзорот и присуството на полициски службеници нема да ги реши ваквите девијантни појави, но ќе допринесе за зголемување на безбедноста на граѓаните.

„Министерството за внатрешни работи во делот на негова надлежност ќе постапи во иднина во насока на она што сметаме дека треба да биде темел на идната работа на полицијата, а тоа максимално засилување на целокупниот видео-надзор и присуството на полициските службеници на терен. Но, тоа нема да ги реши овие девијантни појави и да ги искорени, но во секој случај ќе допринесе да ја зголеми безбедноста и да овозможи на граѓаните да се чувствуваат побезбедно. Овој тип на девијантни појави имало и ќе ги има, наша работа е да сториме сѐ што е во наша надлежност за да ги спречиме од аспект на преземање на конкретни дејствија“, рече Тошковски.

Според Кривичниот законик, додаде, малолетниците немаат кривично-правна одговорност, така што, рече подетална надлежност за овој тип на предмети имаат други институции.

Според соопштението на МВР, двајца првооделенци од училиштето „Димитар поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров, завчера, со тврд предмет се обиделе да силуваат свој соученик. Случајот во полиција го пријавил неговиот татко.

„Во СВР Скопје, 44 годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствије врз него“, стои во соопштението на МВР.

Според информации на Сител телевизија, детето веднаш ја информирала наставничката, но таа не направила ништо. Пријавата во полиција пристигнала во вторникот доцна попладне, откако бил извршен лекарски преглед врз детето.

Можеби ќе ве интересира

НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОХРИД: Почина Алекс Салмонд, поранешен премиер на Шкотска

НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОХРИД: Почина Алекс Салмонд, поранешен премиер на Шкотска

РОКАС: Предлогот на Владата за одложена примена на уставните измени, тешко дека ќе биде прифатен од сите земји на ЕУ

РОКАС: Предлогот на Владата за одложена примена на уставните измени, тешко дека ќе биде прифатен од сите земји на ЕУ

МИЦКОСКИ: ДУИ на владина седница во 2023 година усвоиле стратегија која вели дека ќе има бришење на „балансерот“

МИЦКОСКИ: ДУИ на владина седница во 2023 година усвоиле стратегија која вели дека ќе има бришење на „балансерот“

НАЈЧЕВСКА: Граѓаните бараат сигурност, стандард, добро образование и здравство, чист воздух и вода, а тој им нуди банкноти на два јазика

НАЈЧЕВСКА: Граѓаните бараат сигурност, стандард, добро образование и здравство, чист воздух и вода, а тој им нуди банкноти на два јазика

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО: Ќе сведочи мајката на Вања

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО: Ќе сведочи мајката на Вања

ВЛЕН: Aхмети и ДУИ пролеваат крокодилски солзи поради губење на власта

ВЛЕН: Aхмети и ДУИ пролеваат крокодилски солзи поради губење на власта

СДСМ: Наместо 12 отсто, наставниците добиваат само 5 отсто зголемување на платите

СДСМ: Наместо 12 отсто, наставниците добиваат само 5 отсто зголемување на платите

МВР: Лажни профили се претставуваат како Интерпол и нудат помош за изгубени инвестиции од „Конти“

МВР: Лажни профили се претставуваат како Интерпол и нудат помош за изгубени инвестиции од „Конти“

АХМЕТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР: Велат Бугарите се реалност и треба да бидат внесени во Уставот, никој не губи

АХМЕТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР: Велат Бугарите се реалност и треба да бидат внесени во Уставот, никој не губи