СДСМ: Наместо 12 отсто, наставниците добиваат само 5 отсто зголемување на платите
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2024
Oд СДСМ велат дека наместо 12 отсто, наставниците добиваат само 5 отсто зголемување на платите.
Од партијата додаваат дека ова е срамно и претставува обид за амортизација на незадоволството коешто постои.
„Владата на Христијан Мицкоски ги потценува наставниците и нивниот труд. На наставниците и просветните работници не им требаат утешителни награди туку реален раст на платите“, велат од СДСМ.
Додаваат дека наставниците заслужуваат поголема почит и поддршка за нивниот труд и напор во воспитувањето на идните генерации, а не минимални, козметички зголемувања на плати кои не одговараат на реалните потреби.
Од СДСМ велат дека во предизборната кампања, премиерот Христијан Мицкоски и неговите соработници ветуваа значајно подобрување на животниот стандард на наставниците, но сега, кога се на власт, ги заборавија своите ветувања и се фрлија на манипулација.
„Манипулацијата очигледно е со цел да се спречи најавуваниот штрајк во образованието а не да им се излезе во пресрет на наставниците. Се потврди дека изговорите дека нема пари во буџетот, како што велеше Мицкоски, се само алиби за да не им бидат покачени платите. Пари има во буџетот а наставниците и просветните работници заслужуваат реално и вистинско зголемување на платите кое треба да биде 12 отсто. Затоа бараме платите на наставниците да се зголемат за 12 отсто како што им следува. Владата на Мицкоски мора да престане со лагите и манипулациите, и да преземе конкретни чекори за да обезбеди достоинствена плата и услови за работа на наставниците, како што беше ветено“, се вели во соопштението од партијата.
Мицкоски денеска соопшти дека од октомвриската плата, наставниците ќе добијат за 5 отсто зголемување.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.