12 Октомври, 2024
0.0293

ВЛЕН: Aхмети и ДУИ пролеваат крокодилски солзи поради губење на власта

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Од ВЛЕН велат дека Али Ахмети и ДУИ немаат морален кредибилитет да зборуваат за прашањата на Албанците и според нив, пролеваат крокодилски солзи поради губење на власта.

Велат дека се разобличуваат нивните лаги и манипулации, и толку подлабоко паѓаат востапиците што самите ги поставиле за да ги закопаат своите политички противници.

„Прво, аргументот на Али Ахмети за легитимитет е разобличен со фактот дека барем тројца од пратениците на „Европскиот фронт“ не зборуваат албански, и на албанската јавност ѝ се обраќаат на македонски јазик! Во оваа група се поранешниот претседател на Уставниот суд Сали Мурат, милионерот и пратеник Исмаил Јахоски, познат како Пуцко Петрол, и пратеникот Бејџан Иљас. Второ, Али Ахмети одамна го загуби ексклузивното право да зборува во име на Охридскиот договор. Бидејќи долго време е на власт и за да ја зачува својата фотелја, Ахмети направи стотици отстапки и извитоперувања на основните дефиниции на Охридскиот договор. За време на неговиот 22-годишен мандат, официјализацијата на албанскиот јазик стана предмет на пазарење, децентрализацијата на власта деградираше во банално прашање, додека вниманието се посвети само на збогатувањето на неговите вечни функционери. Трето, Али Ахмети веќе нема морален кредибилитет да зборува за статусот на поранешните борци на Ослободителната народна армија (ОНА). За жал, за време на сите мандати на Ахмети беа затворани и убивани поранешни борци на ОНА. Неговиот заменик Арбер Адеми беше фатен на дело! Јавноста виде во оптужницата што Арбер ја поднесе против државата поради „бегството од домашен притвор“ на Блерим Рамадани. Покрај тоа, сите влади на Али Ахмети досега редовно доделуваа финансиски средства за социјална поддршка на бранителите. Но, ниту една влада на Али Ахмети досега не го решила статусот на поранешните борци на ОНА. Четврто, Али Ахмети го вложи својот кредибилитет и моќта на неговата партија за, преку контрола на судството, да го спаси Никола Груевски од затвор. Фактот дека Сашо Мијалков денес е слободен граѓанин, а сите негови казни застареа затоа што ДУИ заедно со Кренар Лога го сменија Кривичниот законик, не бара дополнителен аргумент дека Али Ахмети бил животно заинтересиран и работел на спасување на Груевски и негово враќање како херој од Будимпешта“, велат од ВЛЕН. 

Додаваат дека Ахмети имаше 22 години време, шест владини мандати, министер за надворешни работи и премиер за да ги реши отворените прашања со соседите и да ја направи Северна Македонија членка на Европската Унија. Велат дека Али Ахмети не успеа и е во опозиција. 

Можеби ќе ве интересира

НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОХРИД: Почина Алекс Салмонд, поранешен премиер на Шкотска

НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОХРИД: Почина Алекс Салмонд, поранешен премиер на Шкотска

ПО ОБИДОТ ЗА СИЛУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Какви мерки ќе преземе полицијата?

ПО ОБИДОТ ЗА СИЛУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Какви мерки ќе преземе полицијата?

РОКАС: Предлогот на Владата за одложена примена на уставните измени, тешко дека ќе биде прифатен од сите земји на ЕУ

РОКАС: Предлогот на Владата за одложена примена на уставните измени, тешко дека ќе биде прифатен од сите земји на ЕУ

МИЦКОСКИ: ДУИ на владина седница во 2023 година усвоиле стратегија која вели дека ќе има бришење на „балансерот“

МИЦКОСКИ: ДУИ на владина седница во 2023 година усвоиле стратегија која вели дека ќе има бришење на „балансерот“

НАЈЧЕВСКА: Граѓаните бараат сигурност, стандард, добро образование и здравство, чист воздух и вода, а тој им нуди банкноти на два јазика

НАЈЧЕВСКА: Граѓаните бараат сигурност, стандард, добро образование и здравство, чист воздух и вода, а тој им нуди банкноти на два јазика

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО: Ќе сведочи мајката на Вања

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО: Ќе сведочи мајката на Вања

СДСМ: Наместо 12 отсто, наставниците добиваат само 5 отсто зголемување на платите

СДСМ: Наместо 12 отсто, наставниците добиваат само 5 отсто зголемување на платите

МВР: Лажни профили се претставуваат како Интерпол и нудат помош за изгубени инвестиции од „Конти“

МВР: Лажни профили се претставуваат како Интерпол и нудат помош за изгубени инвестиции од „Конти“

АХМЕТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР: Велат Бугарите се реалност и треба да бидат внесени во Уставот, никој не губи

АХМЕТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР: Велат Бугарите се реалност и треба да бидат внесени во Уставот, никој не губи