15 Март, 2025
0.0277

ПО ПАДОТ НА CREDIT SUISSE - Претседателот на Саудиската национална банка поднесе оставка

Објавено во: Финансии 27 Март, 2023 12:30

Добивај вести на Viber

Амар Ал Кудаири, претседател на Саудиска национална банка, која е еден од најголемите акционери на Credit Suisse, поднесе оставка само неколку дена откако неговите коментари „придонесоа“ да се спушти вредноста на акциите на швајцарскрската банка, пишува Bloomberg.

Ал Кудаири, кој стана претседател на Саудиска национална банка во 2021 година, која беше создадена со спојувањето на Националната трговска банка и Самба финансиска група, заминува „од лични причини“ и ќе биде заменет од главниот извршен директор Саид Мохамед Ал Гамди, објави весникот. 

Имено, во интервју за Блумберг на почетокот на месецов, Ал Кудаири на прашањето „дали Саудиската национална банка ќе биде отворена за понатамошни инвестиции во Credit Suisse“ доколку има уште еден повик за дополнителна ликвидност, одговори „апсолутно не“.


Акциите на швајцарската банка паднаа на историски минимум по неговите коментари. Тоа исто така влијаеше да падне вредноста на сите европски банки надолу, бидејќи инвеститорите се оддалечија од ризикот по колапсот на три американски кредитори.

Неколку дена подоцна, UBS Group AG се согласи дека го купи Credit Suisse во историски договор со посредство на владата, чија цел е да се спречи кризата на доверба која почна да се шири низ глобалните финансиски пазари.

UBS понуди да плати 3 милијарди франци (3,3 милијарди долари) за својот ривал во зделката за сите акции што вклучува обемни владини гаранции и одредби за ликвидност.

Саудиската национална банка, која е 37 отсто во сопственост на државниот фонд на кралството, забележа пад на вредноста на нејзината инвестиција во Credit Suisse за околу 1 милијарда долари за неколку месеци, откако минатата година купи околу 9,9 отсто од акциите за 1,4 милијарди франци.


Можеби ќе ве интересира

ЕУ ПЛАНИРА ДА УКИНЕ ДЕЛ ОД МОНЕТИТЕ - цените ќе се заокружат, еве што се крие зад одлуката

ЕУ ПЛАНИРА ДА УКИНЕ ДЕЛ ОД МОНЕТИТЕ - цените ќе се заокружат, еве што се крие зад одлуката

БОМБА ВО МОДНИОТ СВЕТ: По 30 години, заминува Донатела Версаче, еве кој ќе ја замени

БОМБА ВО МОДНИОТ СВЕТ: По 30 години, заминува Донатела Версаче, еве кој ќе ја замени

АКО ВОЗИТЕ ЕДЕН ОД ОВИЕ АВТОМОБИЛИ, ИМАТЕ ЗЛАТНА КОКОШКА! Ова е листата на возила чија вредност ќе се зголеми во 2025 година

АКО ВОЗИТЕ ЕДЕН ОД ОВИЕ АВТОМОБИЛИ, ИМАТЕ ЗЛАТНА КОКОШКА! Ова е листата на возила чија вредност ќе се зголеми во 2025 година

КРАЛОТ НА ЛУКСУЗОТ ПОЛЕКА ПРОПАЃА? Сакаше да преземе два од најпознатите брендови - се тргна надолу

КРАЛОТ НА ЛУКСУЗОТ ПОЛЕКА ПРОПАЃА? Сакаше да преземе два од најпознатите брендови - се тргна надолу

ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖИ НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР ЗА 49 МИЛИОНИ ЕВРА - се враќаат и стари обврски на кредитори, а еве колку не чинат каматите

ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖИ НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР ЗА 49 МИЛИОНИ ЕВРА - се враќаат и стари обврски на кредитори, а еве колку не чинат каматите

ЦЕЛА ГОДИНА ВО РАЈОТ НА 100 МЕТРИ ОД МОРЕ ЗА САМО 7.000 ЕВРА: Еве како да изнајмите стан на Халкидики долгорочно

ЦЕЛА ГОДИНА ВО РАЈОТ НА 100 МЕТРИ ОД МОРЕ ЗА САМО 7.000 ЕВРА: Еве како да изнајмите стан на Халкидики долгорочно

ПОЗНАТО КОЛКУ ЛАНИ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИОТ СЕКТОР - НБМ ги објави бројките, а еве што им донесе најмногу пари на банкарите

ПОЗНАТО КОЛКУ ЛАНИ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИОТ СЕКТОР - НБМ ги објави бројките, а еве што им донесе најмногу пари на банкарите

ОВИЕ РАБОТИ НУДАТ НАЈГОЛЕМА ПЕРСПЕКТИВА: Натпросечна заработка и зголемен интерес

ОВИЕ РАБОТИ НУДАТ НАЈГОЛЕМА ПЕРСПЕКТИВА: Натпросечна заработка и зголемен интерес

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ ЗЕМААТ СРПСКА ПЕНЗИЈА: Цел регион од поранешна СФРЈ брои над 50 илјади пензионери

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ ЗЕМААТ СРПСКА ПЕНЗИЈА: Цел регион од поранешна СФРЈ брои над 50 илјади пензионери