25 Јануари, 2025
0.0292

По повод 40-годишниот јубилеј на брендот Frutek, „Фруктал“ го поддржува СОС Детско село

Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Компанијата „Фруктал“ оваа година го обележува 40-от роденден на Frutek, еден од најпознатите брендови наменети за најмладите. По тој повод, „Фруктал“ донираше 40.000 евра на децата и нивните семејства од целиот регион, а во Македонија го поддржа СОС Детско село во Скопје. Годинава во октомври, „Фруктал“ обележа посебен ден: еден од неговите најпознати брендови го прославува 40-от роденден. По тој повод, „Фруктал“ реши да им помогне на децата и нивните семејства, што се најдоа во тешка положба. Лука Јејчич, главен директор на „Фруктал“ во таа пригода рече: „По повод 40-годишниот јубилеј на брендот Frutek, наменет токму за децата, „Фруктал“ реши да ја даде својата поддршка на различни проекти во шест земји од регионот, со цел на децата да им го олесни растењето, бидејќи веруваме дека секое дете заслужува безгрижно детство. Во Македонија дониравме 4.500 евра на СОС Детско село во Скопје. На тој начин „Фруктал“ ја остварува својата општествена одговорност, затоа што свесни сме дека децата се нашата иднина“. Организацијата СОС Детско Село – Македонија е основана во 2001 година, како член на големото семејство сочинето од 500 Детски Села во 133 земји низ целиот свет, чијашто основна цел е на децата без родители и родителска грижа да им овозможи топол дом, семејство и подобра иднина. Првото СОС Детско Село во Македонија официјално почна со работа во 2002 година, со сместување на првото дете. Денес, под заштита на организацијата СОС Детско Село – Македонија се речиси 350 деца без родители и родителска грижа и деца кои се во ризик да ја загубат грижата од своите семејства. Освен во полето на заштита, организацијата СОС Детско Село – Македонија од 2007 година е активна и во полето на превенцијата,  фокусирајќи се на превенција и поддршка на децата кои се наоѓаат во состојба на ризик и им се закнува опасност да бидат отфрлени од природното семејно опкружување, а со тоа и да ја изгубат заштитата и грижата од своето биолошко семејство. Програмите  за зајакнување на семејства имаат за цел да спречат отфрлање на децата од нивните семејства и од заедницата. Ова се одвива со континуирана поддршка на семејствата, со цел да ја зајакнат нивната родителска способност и да се грижат за своите деца, преку зајакнување на безбедносните мрежи за запоставените деца (децата во ризик) и нивните семејства во рамките на заедницата. Дополнително, децата добиваат материјална, едукативна и психосоцијална поддршка од страна на стручните тимови.

Можеби ќе ве интересира

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес