ПО ПРЕЛЕЖАН КОВИД СТРАДА СРЦЕТО КАЈ ПАЦИЕНТИ БЕЗ ПРЕТХОДНИ КАРДИО ЗАБОЛУВАЊА: Професор д-р. Сидовска за Фактор
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2020 11:51
И обичниот сезонски
грип во некои случаи кај пациентите знае да остави последици на срцето во форма
на воспаление. Истото тоа се случува и при корона вирусот, односно поради вирусната
инфекција страда срцето кај млади пациенти кои претходно немале срцеви
заболувања, но настануваат доколку се заразат со ковит и прележат тешка ворма
на болеста, вели утринава за Фактор, професор д-р. Билјана Сидовска, една од
најеминентните кадиолози во Македонија.
Професор Сидовска појаснува дека состојбата на белите дробови кои се најпогодени од корона вирусот, не може а да не остават и последици на срцето, но и на другите органи.
-Нивото на заситеност на крвта со кислород едноставно не може а да не се одрази и на другите органи во човековото тело и секако на срцето посебно. При тешка клиничка слика, при ниска сатурација со која се манифестира заболувањето на Ковид-19 се создаваат компликации на миокардитот. Станува збор за срцево воспаление кое по тешко прележан Ковид-19 е со трајни последици, потенцира професор Сидовска.
Истовремено, таа нагласува дека пак, луѓето кои веќе имаат кардиоваскуларни проблеми се најризичната група и тоа пред се оние со срцева слобост, дилатирана кардиомиопатија, хипертензија, потешки форми на аритмии.
-Дури 70 проценти од повозрасните страдаат од хипертензија, односно висок крвен притисок, а особено и поради возраста имаат и други здравствени состојби заради што корона вирусот е погубен за нив, вели професор Сидовска.
А.Б.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




