Лука Кржалоски е Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е роден во Скопје, средно образование завршил во гимназијата Јосип Броз - Тито, а дипломира на Економскиот факултет при УКИМ, каде сега е и магистрант. Кржалоски во 2011 година е избран за член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Во период од 2011 до 2012 година е координатор на Средношколската унија при УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Додека од 2012 – 2013 година е координатор на Студентската унија. Во 2013 година е избран за претседател на Градскиот Комитет Скопје на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, функција која ја извршува до 2018 година. Од 2015 до 2017 година е избран за член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а истовремено е поставен за координатор на ОК Зрновци, Кратово и Ранковце како и на 3К Букурешт и ЗК Прага. Во октомври 2016 година е именуван за директор на ЈП Службен весник, функција која ја извршувал до јуни 2017 години. На локалните избори во 2017 година е избран за советник во Советот на град Скопје. Кржалоски има посетено голем број меѓународни обуки и семинари во организација на ЕДС, ЈЕПП, Конрад Аденауер фондацијата, Јарл Хјамарсон, ЕУ и НАТО.
ПО ПРИМЕРОТ НА РАНГЕЛОВА: На „бирото“ на Мицкоски уште една оставка
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2018 12:33
Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ остана без претседателот.
До минатата година директоруваше и со ЈП Службен весник а денеска поденсе оставка поради како што самиот вели преокупираноста на партијата со дневна политика и задоволување на интересите на една група луѓе.
Лука Кржаловски по примерот на сопартијката и претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова се повлекува од функцијата.
Кржаловски, покрај другото од образложението за оставката се забележува дека е видно разочаран од дејствувањето на неговата партија а вели дека забележува континуирано влошување на односите со клучните меѓународни фактори кои, како што пишува „сакале ние да признаеме или не, имаат огромно влијание врз политичкиот живот во нашата држава и во пошиокиот балкански регион“.
„Ова е очигледно од се појасното дистанцирање на нашата партија од најмоќното политичко семејство на континентот – ЕПП. А друг пример е фактот дека клучни носители на одлуки од американската администрација целосно одбиваат да дискутираат со моменталното раководство“, потенцира Кржалоски.
Што пишува во неговата биографија:
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




